Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, пред речиси шест години доживеа тешка несреќа на скијање по што падна во кома, а неговата сопруга Корина, во очи на шестгодишнината напиша многу интересен коментар.
Имено, таа изненадувачки се огласи со порака под хаштагот #KeepFightingMichael каде напиша помалку таинствен опис, а бројни светски медиуми ја протолкуваа како почеток на враќањето на големиот возач.
„Големи работи почнуваат со мали чекори. Малото делче може да створи голем мозаик“, напиша Корина.
Се огласи и менаџерот на клубот на Шумахер, Рејнер Ферлинг, кој рече дека се надева дека ќе го види Михаел во јавност, но додаде дека не знае во каква здравствена состојба е возачот сега.