– На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните, велат од градската организација на СДСМ, Скопје.
Како што известуваат, повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот од локацијата, по што снимањето продолжило.
„Што сака да скрие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните на Скопје што не дозволува да се снима салата Расадник? Зошто партиски активисти се подготвени физички да се конфронтираат заради независна кандидатка?“, прашуваат од СДСМ Скопје.
Прес-конференцијата е за состојбата во која се наоѓа салата Расадник.