ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јордановска: ВМРО-ДПМНЕ нека ви е честита коалицијата, а вие мислете си дека гласате за „трета опција“

Епа господа од ВМРО-ДПМНЕ, нека ви е честита коалицијата, сега барем знам што ќе не чека во иднина, но без гајле, навикнати сме на кревки политичарчиња навредени од новинарски прашања. Толку од мене на темава. Апасиев, и цела јавност, се гледаме повторно на 15 декември во Кривичен суд. Јас гордо ќе седнам во обвинителна клупа бранејќи ја својата професија и гадејќи се од сите политички пазарења за власт, од државните пари што ги расфрлате за глупави тужби и од нападите и етикетирањата на новинарите.

October 29, 2021 09:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Долго време се обидувам да се држам настрана од случувањата околу локалните избори на социјалните мрежи. Дури и ми е „бљак“ сè што читам, по толку години верглање исто па исто. И факт е дека не верувам во никој.

Но, не можам да премолчам преку некои работи, иако молчев со месеци. По соопштената коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица за мнозинство во Советот на Град Скопје, ми се врати се што доживувавме како новинари пред 5-6 години, а очигледно и понатаму ќе го доживуваме.

Господинот Апасиев нè тужи кривично, како новинари, веќе со месеци, по член 148 од КЗ, за објавување ЛИЧЕН запис оти сме објавиле негов одговор на наша смс порака (официјална, потпишана, со барање за став), за тоа како партијата ќе ги троши државните пари што ги доби од буџетот. Одговорот беше „обратете се до центарот за ПРОВЛАДИНИ медиуми на Левица“. Таков центар, претпоставувате, не постои, поентата е професорот иронично да ни залепи етикета, дека одработуваме за власта.

И така тој решава да покрене кривична тужба оти прашањето било поставено на неговиот ПРИВАТЕН број. На истиот тој човек му сметаше што пратениците користат службени возила, не плаќаат патарини, добиваат пари за патни трошоци, но службен мобилен не влегува во ова, нели.

Па така, со месеци се тегнеме по судови, повторно ги добиваме етикетите на „соросоиди“ и „курирци“, оти господинот не смеело да го вознемируваме на приватниот број. А немаше проблем со тоа кога договаравме интервју на истиот број, тогаш немавме закани за тужби, но го пецнеш ли за пари, пратеникот е навреден.

Ме стави во уста неповикана, ни залепи етикети кои ги немаме, а притоа и ни посака „мал срцев удар на 40 години“, онака, како што му доликува на еден народен избраник.

Но затоа нема храброст ЕДНАШ да се појави на рочиште и да го изнесе својот став, а ни бара пари повисоки од две просечни новинарски плати, додека ние се тегнеме по судови со месеци, објаснувајќи се за елементарни работи – дека пратеник и лидер на партија си 24/7 и или одговараш на новинарско прашање или не. Толку. Недоличниот однос со новинарите кои се обидуваат да презентираат факти пред граѓаните, следствено значи и недоличен однос кон целата јавност. Дотолку повеќе ако станува збор за јавни пари и за функционер, пратеник и лидер на партија.

Епа господа од ВМРО-ДПМНЕ, нека ви е честита коалицијата, сега барем знам што ќе не чека во иднина, но без гајле, навикнати сме на кревки политичарчиња навредени од новинарски прашања.

Толку од мене на темава. Апасиев, и цела јавност, се гледаме повторно на 15 декември во Кривичен суд. Јас гордо ќе седнам во обвинителна клупа бранејќи ја својата професија и гадејќи се од сите политички пазарења за власт, од државните пари што ги расфрлате за глупави тужби и од нападите и етикетирањата на новинарите.

А вие, мислете си дека гласате за „трета опција“.

ФБ статус на Мери Јордановска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Сашо Орданоски

(М)оралното лажење е најстариот рецепт за губење избори

НАЈНОВО

ЦИВИЛ во Рим на настан  „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“

September 27, 2025

СДСМ: Нема крај аздисаноста на фамилија Тоневски и ДПМНЕ во Пробиштип, скандал до скандал

September 27, 2025

Тошковски на отворање на спомен биста на полицаецот Тоше Тодоровоски кој трагично ззагина спасувајќи млади во пожарот во дискотеката „Пулс“

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk