ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Герасимовски: Ве повикувам да ја потврдиме победата за Центар да продолжи напред

October 29, 2021 11:33
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

„Јас сум човек кој сака да зборува со аргументи и со факти, сакам прецизни и конкретни проекти, јас сум човек кој ја цени искреноста и довербата затоа што таа е основа за напредок на општеството“, им порача денеска на граѓаните Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата.

Герасимовски во денешната изјава со која се завршува кампањата за вториот круг на локалните избори во 2021 година, им се обраќа на граѓаните со надеж дека имале доволно време да се запознаат со кандидатите, нивните програми и дека веќе донеле одлука за кого ќе гласаат во недела.

„ Затоа понудивме прецизни проекти и решенија за клучните проблеми во општината со конкретни датуми за реализација. Од другата страна понудата е листа на желби и програма која нема допир со реалноста и вашите проблеми. Имам решенија и добро осмислен план како до подобра и хумана урбанизацијата, како да ја исчистиме општината уште првата година од мандатот и како да обезбедиме повеќе и загарантирани паркинг места за вас граѓаните. Имаме конкретни решенија за образованието, спортот, локалниот економски развој и сите области во кои делуваме“, изјави Герасимовски.

Тој исто така рече дека општина Центар ќе ја гради заедно со граѓаните и затоа ќе инсистира на отвореност и директни средби на кои ќе ги слушне нивните барања и ќе постапи по истите. Но потенцираше и дека очекува граѓаните да бидат вклучени во одлуките и работата на општина Центар.

„Затоа, општината ќе се дигитализира и ќе воспостави онлајн систем каде сите предмети, одлуки, градежни дозволи ќе бидат достапни на увид на граѓаните. Буџетот ќе се изработува во соработка со граѓаните согласно приоритетите. Како градоначалник секој ден ќе издвојувам по еден час за директни средби со вас граѓаните, а постојана и отворена комуникација ќе имаат сите служби и советници. Центар е лулка на демократијата и во тој дух мора да работиме“, изјави Герасимовски.

Ова е тоа што јас чесно го нудам за вас, продолжи тој при што направи споредба со изборот кој го нуди старото ВМРО-ДПМНЕ скриено зад наводно независен кандидат.

„Ние центарци бевме жртва на истите луѓе кои сега повторно го бараат нашиот глас. Истите луѓе кои со насилство и заплашување се обидуваа да ја сменат вашата волја на избори. Истите кои го злоупотребија и обезличија Центар за своите криминални проекти. Јас силно верувам дека овие луѓе не се вашиот избор. Центар мора да остане демократска и слободна општина“, изјави Герасимовски.

Со изборот за него Герасимовски вели дека општина Центар ќе доживее позитивни промени и со граѓаните ќе го направат многу позелен и многу почист. Герасимовски ги повика да излезат во многу поголем број, да го заокружат бројот 12 и да го одберат најдоброто за Центар.

„Ве повикувам да ја потврдиме победата за Центар да продолжи напред!“, изјава Герасимовски.

Next Post

Арсовска води кампања со членови на „Тодор Александров“, дали значи дека Каракачанов и средил државјанство?

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk