ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Арсовска води кампања со членови на „Тодор Александров“, дали значи дека Каракачанов и средил државјанство?

October 29, 2021 11:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, постојано повторува дека таа е нападната како жена, но никако да објасни дали има или нема бугарско државјанство иако личната карта за која објавија од СДСМ е валидна и регистрирана во Петрич, округ на Благоевград во Бугарија.

Кога некоја жена тврди дека е нападната заради тоа што е жена тогаш нападите или насилството врз неа мора да се врз родова дискриминација, а не затоа што ја напаѓаат оти ја лаже јавноста за бугарската определба. Но, Арсовска е позната по тоа дека наместо да одговори, таа напаѓа во одговорите и мисли дека така ќе се извлече од скандалот.

Но, скандалот со бугарската лична карта продолжува со фотографиите на кои се гледа дека таа кампањата ја води со членови од бугарофилското здружение „Тодор Александров“.

Тоа е наводно патриотско здружение, а всушност е бугарска инсталација во државава, приврзаници на Красимир Каракачанов. И така стигнуваме до логичното прашање дали Каракачанов влијаел кај бугарските власти со указ да и се додели државјанство и лична карта на Арсовска?

Обезбедување на Данела Aрсовска, конекција со здружението „Тодор Александров“

1 of 9
- +

Значи, Арсовска ја обезбедуваат и пропагандниот материјал и го делат на гражаните лица од „Тодор Александров“, кои пак се соработници на Каракачанов, кој пак беше посочен како дел од криминална група која издавала пасоши на македонски граѓани за одредена сума пари.

Триаголникот е сега јасен. Еден од членовите на „Тодор Александров“ е фотографиран како носи предизборен материјал додека Арсовска оди од врата до врата и разговара со граѓаните.

Многу неодговорени прашања и се насобраа на Арсовска. Ќе одговори ли сега што прави во друштво на познатото бугарофилско здружение „Тодор Александров“ или пак повторно ќе ги понижи македонските граѓани, а пред се скопјани, дека и ова е манипулација и лага затоа што таа била жена.

ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат е токму Арсовска, никогаш не се дистанцираше од „патриотско“ здружение „Тодор Александров“ и јавно не ги осуди сите акти со кои се промовираат фашистички симболи и идеи, а досега се познати и по бројни скандали за време на прославата на Илинден, како и за време на немирите на 27 Април.

Значи Арсовска ја обезбедуваат лица кои сакаа да линчуваат пратеници во парлементот. Толку од независноста на Арсовска, тврдеше дека оди самостојно па прифати ВМРО ДПМНЕ да и ја финансира кампањата, тврдеше дека нема дамка во кариерата ама шета со обезбедувачи од „Тодор Александров“, исто како што сега тврди дека не е Даниела, туку е Данела, но фотографијата од личната карта ја издава дека е токму она.

Д. Е. 

Next Post

Весковски: Планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk