На својот фејсбук профил Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата им се обрати на гласачите на Скопје, и упати апел за излегување на гласачко место и гласање.
“Не го оставај Скопје во неизвесност.
Изгубено Скопје значи дека државата ни отишла во опасност.Скопје бара одлука, а тоа значи излегување на гласачко место и гласање. Недела е денот.
Гласај.Не ги оставај Градот и државата на сомнителни лица.Гласај за да знаеш на што си. Гласај за 12, за Петре, за СДСМ. Гласај за јасна, извесна и проверена опција. Гласај за тие што што слушаат, што уважуваат, што се подобруваат.”