Лидерот на СДСМ Зоран Заев, преку видео објава ги повика граѓаните в недела да излезат и да го одберат концептот на СДСМ кој, како што вели – гради и поврзува, кој носи инвестиции во локални проекти, поголеми плати и пензии, грижа за сите, наместо другиот концепт оној на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кој носи закани, поделби, омраза, меѓуетнички тензии и пљачкање на народните пари.
„Пред нас е гласањето во вториот круг од локалните избори, од чиј исход зависи во кој правец ќе ни се движат општините и каква ќе биде нашата иднина.
Во недела пред вас е да го изберете концептот на СДСМ кој гради и поврзува, кој носи инвестиции во локални проекти, поголеми плати и пензии, грижа за сите.
Другиот концепт е оној на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кој носи закани, поделби, омраза, меѓуетнички тензии и пљачкање на народните пари.
Затоа е потребно обединување. Секој поединец мора да даде свој придонес во одлуката да продолжиме напред со развиени општини, со стабилна држава, со еднакво општество за сите.
Во недела заокружете го бројот 12! Потврдете дека општините и нашата заедничка татковина продолжуваат по исправниот пат. Гласајте за број 12, за СДСМ и коалицијата.“, истакнува Зоран Заев.