Исто како и во прв круг, недостасуваат гласачи од Избирачкиот список во казнено-поправините установи. Се гласа во 44 општини, право на глас имаат 1.353.990 лица во 2.481 избирачко место. Денеска гласаат болните, немоќните, лица со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во старски домови.Според податоците на ДИК ќе гласаат 1.409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови и шест внатрешно раселени лица.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Во втор круг се гласа во 44 општини, право на глас имаат 1.353.990 лица во 2.481 избирачко место. Поради пандемијата со коронавирусот, гласањето и на овие избори, како и на претходните, ќе се одвива според безбедносни протоколи за заштита на здравјето на граѓаните.
Навремено почна гласањето во казнено-поправните установи, недостасуваат гласачи од Избирачкиот список. Како и во првиот круг, така и денеска, во вториот круг од гласањето на локалните избори, од Избирачкиот список недостасуваат дел од лицата што се во притвор.
Денеска гласаат болните, немоќните, лица со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во старски домови.Според податоците на ДИК ќе гласаат 1.409 затвореници, 266 лица во 13 старски домови и шест внатрешно раселени лица.
Изборен молк. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.
ЗЕЛЕНА
Најчевска: Без правна држава, не може да имаме зелена иднина. Главен промотор на зелената иднина е државата. Но без правна држава не може да имаме зелена иднина, изјави меѓу другото Мирјана Најчевска на конференцијата на ЦИВИЛ „Зелено општество за сите“.