ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Коалициските партнери на СДСМ против предвремени парламентарни избори, разни реакции на печатот по оставката на Заев, кој ќе пее под Триумфална за пречекот на Грујо?

November 1, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Разни реакции на печатот по оставката на премиерот Заев. Коалициските партнери не можат да најдат причина зошто би се одделиле од владејачката партија, напротив, сметаат дека владата треба да продолжи со работа. Кој ќе пее под Трумфална за пречекот на Грујо?

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ И ЕКОНОМИЈА

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи пред денешната средба на коалициските партнери на СДСМ во Влада, по вчера најавената оставка на премиерот Заев Заев, изјави дека неговата партија останува дел од владејачката коалиција и не гледа никаква причина нешто драматично да се случи.

Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево, пред средбата на коалициските партнери со премиерот во оставка Зоран Заев, изјави дека не треба да има предвремени парламентарни избори, туку дека актуелната Влада треба да продолжи со работа.

За париски „Ле Монд“, оставката следува откако левичарската партија СДСМ го загуби главниот град Скопје и повеќето поголеми градови во земјата. Но, притоа парискиот угледен весник додава дека премиерот во оставка Заев, одбива да организира предвремени парламентарни избори. -Јас донесов слобода и демократија, а демократијата подразбира преземање одговорност, ја пренесуваат „Ле Фигаро“, „Ле Поант“ другиот дел од изјавата на Заев, кој исто така, поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната јавна седница поради непостапување по член 35 и не можност да достави документ до еден пратеник во Собранието одлучи да го запре предметот што го имаше отворено по сопствена иницијатива и да го достави до прекршочна комисија.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, официјално не е информиран за оставката на премиерот Зоран Заев, што повлекува оставка на цела Влада. Оттаму посочуваат дека кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, претседателот, во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите кои што имаат мнозинство во Собранието.

Оставката на премиерот Зоран Заев повлекува оставка на целата Влада што треба да биде констатирана од Собранието, но останува да ја врши должноста до изборот на новиот владин состав. Во член 93 од Уставот се наведува дека „оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.

Владата на Република Северна Македонија на 116-тата редовна седница, што се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.

ПАНДЕМИЈА

Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 5.556 дози вакцини, од кои 950 се аплицирани како прва доза, 1.124 се ревакцинирани, а 3.482 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, ревакцинирани се 775.825, а трета доза примиле 30.852 граѓани.

Денес се регистрирани 153 нови позитивни случаи. Регистрирани сe 309 оздравени пациенти, а починале 11 лица.

ОПШТЕСТВО

ДКСК денеска на седница разгледуваше прв случај – предмет пристигнат кај нив, на вработување кога едно лице директор во Јавно претпријатие се вработува самиот себе, во истото ЈП. Антикорупција ќе покрене иницијатива за кривична одговорност пред Јавното обвинителство за повреда на член 353 од Кривичниот законик, односно иницијатива за утврдување одговорност. Пред новиот градоначалник и на новиот Совет на општината ќе достави иницијатива за одговорност на директорот и на в.д. директорот на Јавното претпријатие.

ЗЕЛЕНА

Младинските активисти предводени од Грета Тунберг преку Avaaz.org испратија апел до граѓаните ширум светот пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) во Глазгов. Човештвото не успева да ја сопре климатската криза, е критиката од Грета, која ја упати до владите ширум светот заедно со Ванеса Накате од Уганда, Доминика Ласота од Полска и Мици Тан од Филипините, како претставници на младите климатски активисти.

АХА !

Изворите на АХА пред белата палата јавуваат за големо славење. В-М-Р-О ДПМНЕ, ДПМНЕ, ДПМНЕ, В-М-Р-О… ечело цело Скопје додека Мицкоски од неговиот кабинет ги правел последните подготовки за враќање на неговиот ментор и духовен татко од Будумпешта… Кој ќе пее под Триумфална за пречекот на Грујо?

ФРОНТ

За големата одлука на Зоран Заев веќе пишуваат и ќе пишуваат политичките аналитичари, а пропагандистите ќе се обидат да ја дезавуираат, за да не се сврти јавноста кон други политичари, поранешни и актуелни, кои требало, а не покажале таква големина. Фала за оставката, не е прифатена, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

М. М.

Next Post

Средба на претседателката на Судскиот совет, Црвенковска со евроамбасадорот Гир

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk