„Па колеги новинари, како се чувствувате кога овој човек ве нарекува „срамота“ и „оркестрирани“? Кога ги нарекува вашите прашања смешни? И кога ви вели „имате ли други прашања“, а вие си молчите?! И кога во лице ве гледа и ви вели „смешни ви се прашањата, смешни ви се прашањата…“, прашува новинарот Зоран Бојаровски.
„Не ми се верува дека е ова состојба на „заробен ум“ зашто до пред две недели имавте соговорник чии што прес конференции траеја со часови, без да биде неодговорено ниту едно прашања, кој поттикнуваше и охрабруваше да поставувате прашања зашто тоа го бара вашата професионална одговорност, кој велеше дека секое прашање е резултат на слободата што ја освоивме сите заедно. Извинете, ама ако не знаевте -Не се сите исти. ЗНМ? ССНМ?“ – стои во фејсбук објава од новинарот Зоран Бојаровски.
Рочиштето за предметот во кој актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, што требаше да се одржи денеска, е одложено.
Обвинетиот Стевчо Јакимовски, до Судот приложил документација дека целото семејство на неговиот адвокат е позитивно на Ковид-19 и затоа и тој во моментов се наоѓа во изолација.
Според обвинението, во периодот од 2011 до 2017 година, како службено лице – градоначалник, Јакимовски во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија.
Ј. Ѓ.