ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лекарска комора: Косопад е честа појава во пост ковид периодот

November 14, 2021 21:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Жена со благи симптоми на настинка

Жена со благи симптоми на настинка

Share on FacebookShare on Twitter

Различни промени на кожата, манифестирани како црвенило, осип, лезии или поинтензивно опаѓање на косата се дел од симптомите кои може да ги предизвика Ковид19 во акутната фаза на болеста или во подоцнежниот пост ковид период, елаборираше асс. д-р Ивана Дохчева Карајованов во рамките на неделната дискусија која ја организираше Лекарската комора. Настанот го модерираше претседателот на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова која истакна дека иако овие настани не се дел од континуираната медицинска едукација, сепак се многу корисни и претставуваат извор на релевантни научни и стручни сознанија кои се апликативни во секојдневната лекарска пракса.

„Документирање на кожните симптоми поврзани со Ковид 19 е важен дел од сложувалката во градењето на нашето разбирање за болеста. Симптомите на кожата може да имаат клучна улога во откривањето на инфекцијата кај луѓето кои инаку се асимптоматски со што би придонеле за спречување на понатамошна трансмисија“, истакна асс. д-р Ивана Дохчева Карајованов.

Кожните симптоми се последица на директна вирусна инфекција, која предизвикува васкулопатија, односно промени на крвните садови, кои може да се јават и  како последица од имуниот одговор на домаќинот. Се смета дека овие промени може да бидат поврзани и со третманот.

Во акутната фаза на Ковид19 инфекцијата, односно во текот на првите 28 дена од болеста, евидентирана е појава на различни видови на кожни промени. Најчесто се сретнува морбилиформен неспецифичен осип на задникот, долниот дел од стомакот и бутовите, при што две третини од пациентите се жалат и на чешање. Црвенила налик на смрзнатини со папули или меури, кои се јавуваат на прстите на стапалата или на рацете, проследени со болка, печење, понекогаш и чешање, почесто се сретнуваат кај деца и млади пациенти. И двете промени може да изгледаат драматично за пациентите, но сепак се јавуваат кај полесни форми на болеста и поминуваат без посебна медикаментозна терапија. Пациентите со средно-тешка клиничка слика на Ковид19 може да манифестираат уртикарија која чеша,  осип што личи на сипаници или точкести дамки на задникот, бутовите и зад колената.

Опаѓање на косата во пост-ковид периодот е најчестиот симптом кој ги вознемирува пациентите и кој влегува во групата на пет најчести долготрајни ефекти од Ковид19. На Универзитетската клиника за дерматологија во тек е посебна студија во која 104 пациенти кои биле отпуштени од болница во периодот помеѓу 1 ноември и 31 декември 2020 година се следени за појава на косопаст во период од три и шест месеци по отпуштање од болница.

„Може да заклучиме дека косопастот е честа појава кај хоспитализираните пациенти со Ковид19 во фазата на заздравување на болеста, односно до три месеци по отпуштање од болница со овој проблем се соочиле 30 пациенти (28.8%) од оние кои се опфатени во студијата. Почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, а просечно траење на проблемот е околу 3,5 месеци. Пациентите добиваат совети за третман и терапија за побрзо смирување на симтомите, кои може да се состојат во препарати за локален третман, суплементарна терапија, медицински шампони или маски за коса“, објасни асс. д-р Дохчева Карајованов.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: Им честитам на нашите фудбалери кои нè носат во бараж и ни ја пружија оваа радост

НАЈНОВО

ВИ

Германија и Европол затворија над 1.400 нелегални веб-страници за онлајн тргување во Источна Европа

October 14, 2025

Истакнати американски медиуми го отфрлаат ограничувачкиот нов правилник на Пентагон за новинарите

October 14, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk