ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ароганцијата и незнаењето на Арсовска ќе го чини Скопје 70 милиони евра и углед пред меѓународните институции

November 18, 2021 15:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Арогантноста и инаетот на новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска може скапо да го чини градот, но и државата, со откажувањето на проектот во Европската банка за обнова и развој за изградба на Бас рапид транзит (БРТ) системот во Скопје. Освен губење на планираните 70 милиони евра, доколку државата го откаже веќе започнатиот проект, можно е да има тешкотии за одобрување на слични проекти во иднина.

Градоначалничката веднаш по стапувањето на функцијата најави дека планира да го прекине проектот за БРТ, бидејќи тој бил започнат од претходниот градоначалник, заборавајќи на ветувањето за работа во интерес на граѓаните.

Уште пострашно е тоа дека таа, како единствена причина за откажување од овој проект, го наведува само тоа дека некој друг работел и го започнал проектот, без да понуди вистинска алтернатива и реални аргументи зошто овој вид на превоз да биде откажан.

Со откажувањето на овој стратешки проект, на кој беше работено подолго време од домашни и странски проекти, ќе се наштети на угледот и рејтингот на земјата пред меѓународните финансиски институции. Дополнително, сè уште не е познато дали државата и Град Скопје ќе треба да плаќаат одредени пенали, бидејќи проектот е веќе во фаза на имплементација.

Средствата на ЕБОР се наменети исклучиво за БРТ

Планот на Арсовска да побара овие 70 милиони евра, кои ги доби Владата од ЕБОР за проектот за БРТ, да ги пренамени за други цели, нема да помине во банката. По најавите за откажување на проектот, од ЕБОР реагираат дека парите наменети за изградба на БРТ, се одобрени специфично за тој проект од менаџментот и Бордот на директори на банката, по детална проценка на самиот проект. Оттаму, дали од незнаење или своеглавост, Арсовска измислува начини како да го затвори проектот па нуди непристојни предлози парите да се пренаменат.

„Ова значи дека средствата на ЕБОР треба да се користат за специфичен проект, за кој е одобрена имплементација. До сега вложивме голем труд во овој проект, работиме на него две години, а истото го сторија и македонските власти, како на централно, така на локално ниво. Ова е првиот БРТ проект во регионот, кој го прави Скопје поинакво од другите главни градови, привлекува големо внимание и признанија“ реагираат од ЕБОР.

Од таму повторуваат дека проектот за БРТ е веќе во фаза на имплементација, откако пред еден месец беше објавен тендерот за изградба на првата траса на БРТ од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Овој јавен повик е отворен до 14 декември, а целата документација е достапна токму на веб страницата на ЕБОР. Исто така, во тек е и уште еден јавен повик, за избор на консултанти кои ќе работат на проектот за изградба на втората траса, која е предвидено да се протега од Бутел до Кисела Вода.

Со прекинување на проектот, освен што пропаѓаат 70 милиони евра, се губат резултатите и од двогодишен напорен труд

Арсовска продолжува со приказната за нејзиниот концепт за бесплатен превоз и набавка на нови автобуси, иако за тоа сè уште нема изработено никаков проект. За разлика од БРТ, проектот за бесплатен превоз во Скопје, наиде на критики од сите познавачи, истакнувајќи дека на тој начин нема да се подобри ефикасноста и користењето на јавниот превоз, но затоа ќе доведе финансиски импликации за градот, што може да го парализира нормалното функционирање на останатите претпријатија.

Треба и да се напомене дека јавниот превоз во Скопје може да стане корисен и да го употребуваат поголем број граѓани само ако тој е побрз, односно не заглавува во сообраќајниот метеж, како што е примерот со градските автобуси.

Ова е и суштината на БРТ, да можат граѓаните за многу пократко време да стигнуваат до саканата дестинација, за да почнат да го користат јавниот превоз. Со зголемување на бројот на автобуси времето на патување воопшто нема да се намали, а тоа значи дека јавниот превоз нема да „регрутира“ повеќе патници.

Д. Е.

Next Post

Дали Груевски со изборот на Дејановски сака да прикрие недоследности во работењето на УПОЗ?

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk