ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ревија на балкански народни носии во Кратово

November 21, 2021 10:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Во Музеј на град Кратово синоќа свечено беше отворена изложбата на традиционални балкански народни носии во организација на општина Кратово и Ансамбл Македонија од Скопје.

На изложбата беа претставени традиционални народни носии од Балканот од крајот XIX и почеток на XX век, класифицирани според социјалниот статус, прикажани на фотографии и тоа од: Конавле – Хрватска, Славонија – Хрватска, Посавина – Хрватска, село Летница – Хрвати од Косово и Метохија, Горна Морава – Косово и Метохија, Самоков – Бугарија, Харманли – Бугарија, Црна Трава – Србија, Пчиња – Србија, Црна Гора, Хрвати – Босна и Херцеговина.

– Културните збиднувања се многу важен елемент од општественото живеење, затоа тие завземаат значаен дел од мојата програма за работа, бидејќи истите се нужно потребни за нашиот град. На Кратово како жив музеј му прилегаат вакви настани, затоа силно ќе ги поддржувам во интерес на збогатен културен живот на нашите граѓани, изјави градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски на отворањето на изложбата.

На изложбата со вокални изведби од Посавина – Хрватска се претставија и уметниците на Ансамблот Македонија од Скопје.

– Идентитетот на еден народ се темели на фолклорот, традицијата, песната, орото, носијата. Вечерва имаме ретка можност да ги претставиме балканските народи преку нивната носија прикажани на оваа ревија овде во градот на кулите и мостовите што за нас претставува вистинско задоволство. Оваа изложба е дел од Меѓународната ревија на народни носии, проект, поддржан од министертсвото за култура на Република Северна Македонија, изјави Владимир Јаневски, редовен професор на катедрата за етнокореологија на музичката академија во Штип и менаџер на Ансамблот Македонија.

Сите љубители на фолклорот и традицијата ќе можат да ја погледнат изложбата до крај на овој месец која ќе биде отворена до 30 ноември во галеријата на Музеј на град Картово.

Next Post
Советничка на генералниот секретар на ОН за спречување на геноцид, Алис Ваирим Ндерит. Фото: N1

Советничка на генералниот секретар на ОН: Отстранете го муралот на Ратко Младиќ

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk