ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Синадиновска за видеото со младиот Петар: Дозвола за снимање не е исто што и дозвола за споделување

November 29, 2021 15:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, МОЗАИК, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Катарина Синадиновска

Катарина Синадиновска

Share on FacebookShare on Twitter

Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Првата детска амбасада Меѓаши, минатата недела објави Препораки за етичко известување за деца и млади, имајќи ја предвид ситуацијата со социјалните мрежи и интернет порталите.

Во изјава за Фронтлајн, Катарина Синадиновска од СЕММ, во врска со видеото со младиот Петар, кое деновиве е актуелно на социјаните мрежи, нагласува дека дозвола за снимање не е исто што и дозвола за споделување.

Дозвола за снимање не е исто што и дозвола за споделување. Едно е да има дозвола за снимање друго е да се споделува сиров материјал, необработен медиумски, вели Синадиновска.

Од донесените препораки во објава на Фејсбук, за овој случај Синадиновска ја издвојува Препораката 9:

„Не смее да се користат фотографии, изјави и видео – записи од деца без согласност од родител/старател/институција – старател. ЕДНОВРЕМЕНО, медиумот има право да не ја објави содржината дури и кога има добиено дозвола, доколку процени дека ќе го изложи малолетникот на каков било ризик.

Тоа што не сте свесни дека нешто е проблем, не значи дека проблемот не постои, значи само дека не сте свесни. Уште многу имаме за учење на темава“, напиша Синадиновска.

Потенцира дека медиумите носат одлука да не објават некоја содржина дури и кога имаат дозвола, ако проценат ризик од објавувањето.

„Родителите/старателите понекогаш не се свесни за моќта што медиумите ја имаат и за опасностите што таа моќ ги носи со себе. Токму затоа, медиумите мора да се одговорни и да предупредат на можни последици. Исто така, земајќи ги сите околности предвид, медиумите носат одлука да не објават некоја содржина дури и кога имаат дозвола, ако проценат ризик од објавувањето (вклучително и ризик од сајбер булинг). Таман и да има молба да се објави, не само дозвола! Да не зборувам за случаи кога воопшто таква дозвола нема“, вели Синадиновска.

Препораките за етичко известување за деца и млади се изработени во рамки на проектот „ЕУ поддршка за подобрување на медиумската етика”, финансиран од Делегацијата на Европската Унија.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

Next Post

Хрватите оваа година патувале помалку, но трошеле повеќе

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk