ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Ристески за Фронтлајн: Муцунски прави евтина пропаганда, предвидува парк на место каде што тој веќе постои

December 3, 2021 16:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: Мартина Ацковска/Фронтлајн

Фото: Мартина Ацковска/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

На местото на кое што градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, предвидува парковско зеленило, тоа веќе постои. Екипата на Фронтлајн излезе на лице место и ги потврди индициите за постоењето на парковското зеленило и игралиштето помеѓу маркетот Зур и Перла Бјанка во Аеродром, Скопје.

Постоечкото парковско зеленило и игралиштето помеѓу маркетот Зур и Перла Бјанка во Аеродром. Фото: Фронтлајн


Милутин Ристески кој прв реагираше преку социјалните мрежи, во изјава за Фронтлајн, истакнува дека паркот е подигнат пред отприлика две години од страна на претходниот градоначалник Златко Марин и дека се работи за евтина пропаганда на Муцунски.

„Всушност се работи за евтина пропаганда. Јас тоа не би го нарекол пи-ар. Како што гледате позади мене се наоѓа парк којшто е подигнат пред отприлика две години од страна на градоначалникот Златко Марин. На ова место до пред само две години имаше депонија, граѓаните на околните згради знаат дека овдека имаше депонија којашто беше исчистена и сега е парк. Евтината пропганда на Муцунски се состои во тоашто пред само два дена ја извести јавноста дека со одлука на Советот се избришани две градежни маркици и на ова место е предвидено парковско зеленило, вели Ристески.

Тој истакнува дека се работи за еден нечесен однос на градоначалникот Муцунски кон своите гласачи и генерално кон граѓаните на општина Аеродром.

„Овдека нема потреба да се предвидува парковско зеленило, парк веќе постои. Како што гледате има љуљашки, има урбана опрема којашто е поставена и така натаму. Така да се работи за еден нечесен однос на градоначалникот кон своите гласачи и генерално кон граѓаните на општина Аеродром. Одлуката којашто ја донесе Советот всушност не е одлука за бришење на маркица. Советот усвои заклучок за усвојување на информација за пренамена на две градежни парцели којашто ќе се случи по усвојување на ДУП-от И13, којшто е ДУП за оваа градска четврт. Всушност тогаш ќе се укинат овие две градежни парцели. Објаснувањето на владејачкото мнозинство беше дека овие две парцели се укинуваат со цел никогаш повеќе да не може тука да се гради. И тоа не е точно. На истиот начин како што се бришат парцелите може на некој во иднина да му текне да ги впише. Така да, сè она што имавме прилика да го видиме на Фејсбук профилот односно на фејсбук страната на градоначалникот е всушност една евтина пропаганда којашто кажува дека ќе се подига парк на местото каде што парк веќе постои и тоа добри две години“, изјави за Фронтлајн, Ристески.

Градоначалникот Муцунски, на Фејсбук напиша дека е донесена одлука за укинување на две градежни маркици и наместо колективни згради ќе се предвиди парковско зеленило.

“…Исто така на денешната седница советот донесе одлука за укинување на две градежни маркици на потегот помеѓу Перла Бјанка и Маркет ЗУР и наместо колективни згради ќе се предвиди парковско зеленило. Со овие одлуки Општина Аеродром јасно става на знаење дека потребите и мислењето на граѓаните се и наш приоритет и дека со нас како локална власт имаат партнер во решавање на сите проблеми”, напиша Муцунски.

Граѓаните кои ги затекна екипата на Фронтлајн на местото каде Муцунски најави дека се планира парк, изјавија дека паркот и детското игралиште постојат и ги користат подолго од една година.

Фронтлајн се обрати до градоначалникот Муцунски со прашање дали може да го објасни ова.
„Дали знаевте дека веќе има зеленило на таа локација?“ – гласи прашањето до градоначалникот.

Иако во општината телефонски нѐ известија дека подготвуваат одговор, сепак, до објавување на овој текст, нема никакво објаснување. Редакцијата ќе остане отворена за дополнителни информации од кабинетот на градоначалникот.

Мартина Ацковска

Next Post

Вистиномер: Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk