ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Националниот совет за евроинтеграции расправаше за Извештајот на ЕК за земјава за 2021

December 3, 2021 14:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот совет за евроинтеграции денеска ја продолжи третата седница, на која беше отворена дебата за Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година.

Седницата почна на 23 ноември 2021 година, но беше одложена поради трагичната автобуска несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени. Клучните наоди по однос на Извештајот на ЕК за земјава за 2021 година на 23 ноеври ги презентираше евроамбасадорот Дејвид Гир.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров изрази сочувство до семејствата на жртвите и им посака брзо и лесно заздравување на повредените во трагичната автобуска несреќа.

Димитров потсети дека земја кандидат сме веќе 16 години, а првиот позитивен Извештај го добивме пред 12 години и низ имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација имаме солиден степен на подготвеност. Во администрацијата имаме капацитет, кој, како што рече, за жал ни е изморен од ова вежбање на трпение.

-Мислам дека е очигледно, дека ни треба еден поттик, ни треба почеток на пристапниот процес што ќе влијае и на мотивација на службите, мотивација на државните службеници и воопшто ќе има потенцијал да ја смени комплетната политичка атмосфера во државата, нагласи Димитров.

Нагласи дека Извештајот на ЕК за 2021 година е балансиран и има вкупно 1.357 наоди, констатирани се позитивни поместувања, а има области каде има потреба од дополнителни напори, тие се 771. Или Комисијата, како што рече, има 57 отсто пофалби и 43 отсто препораки, односно укажување дека треба повеќе, дека нешто не е направено итн. Најмногу од овие препораки се нотирани во кластерот Зелена агенда и одржлива поврзаност, вториот кластер е Внатрешниот пазар. Укажа на важноста да се донесат законите кои, како што рече, имаат очигледен европски контекст и предзнак,  а се наведени во Извештајот на ЕК.

Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции Соња Мираковска рече дека Извештајот за оваа година јасно покажува дека како владејачко мнозинство, како што рече, ја покажале посветеноста во спроведувањето на предвидената агенда и како многу години наназад ја добивиле нејзината препорака за почеток на преговорите за членство.

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ изрази надеж дека одлуката ќе биде позитивна и дека ќе се определи датум за почеток на преговори на земјава со ЕУ. Според него, ако се случи тоа треба да се разговара за чекорите што следат, но ако не се случи тоа треба да се разговара за иднината на процесите. Додаде дека тој повеќе е песимист, но, сепак изрази надеж дека на 14 декември ќе се случи, како што рече, чудо и дека Бугарија ќе се повлече од овие позиции кои ги има сега.

Се осврна на пандемијата со Ковид-19, набавката на вакцини, енергетската криза, за, како што рече, пропаста на македонското стопанство, за зголемената невработеност… Според него, доколку државата остане нема, а немаме помош од земјите членки на ЕУ во период меѓу 15 јануари и 15 февруари 2021 година, кога ќе почнат да колабираат компаниите, други играчи ќе почнат да се шетаат тука и да нудат евтин гас и евтина струја.

Повеќе пратеници се пријавија за збор, а во дискусијата се вклучија Рина Ајдари од ДУИ, Љупчо Пренџов од ГРОМ, Зеќир Рамчиловиќ, Гордана Силјановска Давкова, кои ги сумираа своите ставови и рекоа дека секогаш ќе ги поддржуваат европските интеграции.

На седницата присуствуваа словенечкиот амбасадор во земјава Милан Предан и Џулијан Васало, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава. /МИА/

Next Post

Денес се регистрирани 342 нови позитивни случаи

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk