ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неприфатливо е непочитување на Уставот во земја де факто членка на НАТО

Трајанов се осврна и на настаните од 27 април и од Диво насеље, потенцирајќи дека никогаш не била направила анализа за тоа кој се бил вклучен во тие подготовки и кои кадри директно на еден или друг начин биле вмешани во двата случаја.

December 30, 2019 13:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не може да прифатам во ова време кога Македонија веќе де факто е членка на НАТО, за министер за внатрешни работи кој треба да биде цивил и каде треба да имаме цивилна контрола, да се предлага офицер, генерал или полковник. Тоа е обид за милитаризација на нашата држава и тоа може да има негативни далекусежни последици по вкупните состојби во државата.

Ова го истакна националниот координатор за намалување на ризици од несреќи и катастрофи Павле Трајанов на денешната Панел дискусија во Скопје на тема „Идните чекори после пристапувањето во НАТО“, коментирајќи го предлогот на опозицијата армискиот полковник Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи во техничката влада за предвремените парламентарни избори.

Трајанов се осврна и на настаните од 27 април и од Диво насеље, потенцирајќи дека никогаш не била направила анализа за тоа кој се бил вклучен во тие подготовки и кои кадри директно на еден или друг начин биле вмешани во двата случаја.

– Дел од кадрите кои се регрутираа во Министерството за одбрана, во Армијата на нашата држава, во МВР, посебно во тајните служби, во Агенцијата за разузнавање, сите досегашни анализи покажуваат дека тие директно се вклучени во сите противуставни и противзаконски работи. Затоа јас сум категорично против. Не треба од Армијата да се трансформираат лица во полицијата, во цивилните служби. Тие се добро обучени, специјализирани да ги извршуваат работите во Армијата, а никако да извршуваат други задачи поврзани за полициски и безбедносно-разузнавачки работи, рече Трајанов.

За Петар Богојески од Унијата на eвропски федералисти во Македонија (УЕФМ), членството во НАТО носи привилегии, но и одговорности за што треба да сме подготвиме како држава и да се носиме со тоа, не само власта, туку и опозицијата. Доколку не научиме да го почитуваме основниот принцип, а тоа е професионализмот пред ситниот интерес, тогаш, оценува тој, многу тешко ќе се носиме со тие одлуки во НАТО.

– Од тука би ги повикал интелектуалците или професорскиот кадар кој е припадник на опозицијата во Македонија, да собере храброст да се спротивстави на силниот авторитет на лидерството и да застане на страна на професионализмот и да манифестира дека почитувањето на Уставот на Републиката е број 1 приоритет за земја членка на НАТО, односно вистинско практикување на она што ни го зацртува Уставот и да не се доведуваме во ситуација кога ќе отвораме во Македонија сосема непотребна дебата за меко или тврдо толкување на Уставот, а странските претставници и нашите НАТО партнери да се исплашат од тоа дека во НАТО влегува земја во која политичките елити дискутираат за тврдо или меко практикување на Уставот. Тоа е недозволиво во една земја членка, рече Богоевски.

Според потпретседателот на Собранието Зекир Рамчиловиќ, она што е најважно за нашата држава и нејзините граѓани е дека во државата меѓу оние што носат одлуки секогаш имало такви што го препознавале државниот интерес, како резултат на што веќе стануваме интегрирана држава, односно дел од најмоќната воено-политичка организација и ја повика опозицијата да го поддржи законот за одбрана, ако е вистински за членство во НАТО.

– Прашањето е како да продолжиме понатаму. Дали ситните политички поени и партиски интереси смее да бидат поважни од иднината на државата. Во Собраниска процедура го имаме законот за одбрана, двотретински закон и добро е да го донесеме со консензус. Опозицијата не сака да го гласа поради името на Армијата на РСМ. Но, вистината е сосема друга и е врзана со предизборието во кое и се наоѓаме. Од една страна во Собранието да се залагаш и да го гласаш договорот со кој стануваш членка на НАТО под името РСМ, а од друга страна да блокираш закон поради истото тоа име е апсурдно. Мора да се става точка на тоа политиканство и да се биде искрен и со граѓаните, рече Рамчиловиќ.

Панел дискусијата е во организација на Македонско-aмериканската aлумни aсоцијација (МААА) и Унијата на eвропски федералисти во Македонија (УЕФМ).

Next Post

Неуспешен блиц-криг на Мицкоски, раководството гневно - ја избламирал партијата со неуставниот предлог за Ковачки

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk