Јапонецот Руи Кобајаши ја отвори со победа Новогодишната турнеа на скокалницата во Оберсдорф. Фантастичниот Јапонец само продолжи таму каде што запре во претходното издание на ова престижно натпреварување во скијачки скокови.
Со скокови од 138 и 134 метри Кобајаши освои вкупно 305.1 бодови и така стигна до петтата последователна победа на турнеата Четири скокалници.
Овој 23-годишен скокач минатата година победи на сите четири скокалници, а синоќешниот триумф во Оберсдорф му беше петти по ред со што се изедначи со Полјакот Камил Штох и Германецот Свен Ханавалд.
Следните натпревари од Новогодишната турнеа се во Гармишпартенкирхен на 31 декември, односно 1 јануари, потоа Инсбрук, на 3 и 4 јануари и завршува со скоковите во Бишофсхофен на 5 и 6 јануари.