Били Ајлиш откри дека била заразена со Ковид-19 во август, и рече дека се чувствувала дека „ќе умре“ доколку не била вакцинирана, пренесува Гардијан.
Во гостувањето на американското радио шоу на Хауард Стерн во понеделникот, Ајлиш рече: „Вакцината е апсолутно неверојатна. Сакам да бидам јасна дека токму поради вакцината се чувстувам добро. Мислам дека ако не бев вакцинирана, ќе умрев“.
„Вакцината спречи мојот брат Финес да се зарази, ги спаси моите родители од зараза, ги спаси и моите пријатели“, рече Ајлиш.
Таа рече дека не била добро поради вирусот два месеци и дека сè уште имала неразјаснети несакани ефекти.
„Кога велам дека беше лошо, повеќе мислам на тоа дека се чувствував ужасно. Знаеш што мислам? Кога си болен, се чувствуваш е***о ужасно“, рече таа.
Ајлиш неодамна беше номинирана во седум категории на Греми наградите за 2022 година, вклучувајќи го и албумот на годината за нејзиниот втор албум „Посреќна од било кога“ (Happier Than Ever) и песна на годината за истоимената песна.
М. Миткоска