ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска на министерски состанок: Бугарското вето “успеа” да ја ослаби улогата и влијанието на ЕУ во целиот регион

December 15, 2021 16:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Радмила Шекеринска денеска учествуваше на состанокот на министрите за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка која во моментов се одвива под претседателство на Хрватска.

Говорејќи на сесијата посветена на зацврстувањето на партнерството и соработката на патот кон евроинтеграција на Западен Балкан, Шекеринска истакна дека Северна Македонија во изминатите четири години беше целосно и искрено посветена на евроатлантските интеграции, што уште повеќе ја зголемува разочараноста од одлагањето на почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

„Северна Македонија, не седеше и не чекаше да добие подарок, туку во последните неколку години работевме на суштински, болни и тешки реформи, не само за решавање на билатералните прашања со Грција и Бугарија туку и на прашања кои се важни за европската агенда, како што се човековите права, владеење на правото, транспарентноста, борба против корупцијата, правата на малцинствата. Во сите овие прашања Северна Македонија има видливи резултати“, рече министерката.

Шекеринска нагласи дека Западен Балкан е клуч за безбедноста и за успехот на Европската Унија, но и дека безбедноста, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан зависат од неговите евроинтеграциски перспективи.

„Овој неуспех да се испорача тоа што Северна Македонија го заслужува, ја загрозува ЕУ во еден важен регион кој е опкружен со членки на Унијата. И затоа изгледа дека бугарското вето „успеа“ таму каде што не успеаја други надворешни влијанија – да ја намали моќта и влијанието на ЕУ во целиот регион на Западен Балкан”, рече Шекеринска.

На состанокот кој се одржа преку видеоконференциска врска, претседаван од домаќинот, хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ, учествуваа и министрите за одбрана на Австрија, Унгарија, Словачка, Словенија, Албанија, Црна Гора, Косово и Србија, и замениците министри од Чешката Република и од Босна и Херцеговина.

 

Next Post

Британија одби да издаде родово неутрален пасош

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk