„Во недостиг на проекти и реализација, градоначалникот од редовите на дпмне денес како што кажува, „пуштил во употреба“ инвестициски проект вреден 1.000.000 евра“, реагира на Фејсбук Воислав Попоски, во врска со мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани.
Попоски вели дека проектот го изгради СДСМ на чело со тогашниот градоначалник на Вевчани, Сашо Јанкоски, а бил пуштен од страна на премиерот Зоран Заев.
„ДПМНЕ уште еднаш се обрука пред Вевчани и јавноста“, напиша во својата објава Воислав Попоски.
– Вевчани и регионот добија туристички центар според стандардите на најмодерните европски општински средини, со кој се овозможува промоција и развој на туризмот не само на Вевчани, туку и на целиот регион, истакна премиерот Зоран Заев на 29 август 2021 година при посетата на Вевчани.
„Во 2016 година кога во предизборната кампања го посетив руинираниот објект на некогашното училиште „Страшо Пинџур“ во Вечвчани, ветив дека тука ќе никне нов модерен, мултифункционален Туристички центар „Вевчани“. Денес стоиме пред комплетно реконструираната зграда, која ги задржа архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но доби нова функција соодветно на новите потреби на заедницата и на регионот“, наведе тогаш премиерот Заев.