ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тренчевска: Социјалниот дијалог е клучен во креирањето на најодржливите законски решенија, соработката со ССК продолжува

January 28, 2022 12:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјлна политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Габриела Кулебанова, информираат од Министерство за труд и социјална политика.

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на стопански комори на Македонија, моменталните предизвици со кои се соочува стопанството во време на пандемија која освен здравствени, донесе и економски последици и влијанието на економско- енергетската светска криза врз одржливоста на бизнис секторот, но и на работникот, пишува во соопштението.

Министерката Тренчевска посочи дека Владата на Северна Македонија од почетокот на пандемијата креираше шест пакети економска помош и поддршка за компаниите и граѓаните со цел полесно пребродување на кризниот период. Тоа директно придонесе за  задржување на ликвидноста на компаниите и работните места.

„Само задоволен работник е продуктивен работник и како таков тој директно ќе придонесе и за продуктивноста на компанијата за која работи. Затоа, сите политики и законски решенија ги правиме низ транспарентен процес со вклученост на сите засегнати страни во општеството. И како Влада и како ресорно министерство кое работи во областа на трудот, остануваме отворени за сугестии, забелешки и коментари во креирањето на законите кои ќе понудат најодржливи решенија за сите страни,“ рече Тренчевска.

На средбата се разговараше и за новото законско решение недела- ден на неделен одмор кое доби поддршка и од Сојузот на стопански комори, неговата имплементација и соработката со Државниот инспекторат за труд, како орган кој го врши надзорот на неговото почитување, како и за новиот Закон за работни односи, кој е во работна верзија.

„За новиот Закон за работни односи предвиденo е отворање на широка јавна расправа со цел да се слушнат сите засегнати страни во општеството, а во насока на изнаоѓање на најдоброто решение кое ќе одговори на потребите на сите чинители, и на работниците и на работодавачите. Како Влада силно го подржуваме социјалниот дијалог, затоа што само заеднички можеме да дојдеме до најсоодветното решение. Министерството е отворено за соработка и за реализација на проекти и активности кои се дел од целите од  Програмата за работа на Владата на РСМ, 2022-2024“, рече Тренчевска.

Двете соговорнички изразија подготвеност за продолжување на досегашната институционална соработка на прашањата во областа на трудот.

Next Post

Ќучуков: Спорот за Северна Македонија во Бугарија се претвори во натпревар во патриотизам

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk