ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ револтирани од изјавата на Славески за минималецот – Работниците ќе памтат и ќе вратат!

February 4, 2022 09:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Сојузот на синдикати на Македонија се револтирани од изјавата на  поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, кој во вестите на ТВ 24 рече дека се неприфатливи барањата да има покачување на минималецот на 18.000 денари. Иако денеска продолжува дијалогот меѓу синдикатите, работадавачите и Владата за раст на минималната плата, Славески застанува на страната на газдите.

ССМ на својата фејзбук страница ја објавија реакцијата на СИНДИ @ Е-советник за работнички права. Во објавата иронично пишува „го разбираме Трајко Славески поради тоа што тој во Македонија прима плата во висина на минимална плата во Германија, па веројатно и тој е револтиран што е на германски минималец во Македонија. 50% од просечната плата во Германија е 1.400 евра а во Македонија 14.000 денари, па еројатно му е тешко да го преживее месецот како на 110.000 работници, па затоа ги поддржува работодавачите, а не работниците“.

 

Славески за ТВ 24  рече дека прифатливи се барањата на сопствениците на капиталот –работодавачите, да се промени методологијата за пресметка на минималецот, односно поголема тежина да има порастот на цените во усогласувањето на минималната плата.

„Во спротивно, ова што го бара Синдикатот  се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“.

Според Славески вaквото зголемување од 18. 000 би придонело најголем дел од компаниите да затворат.

Со ваквите ставови на проф. Славески очигледно ВМРО-ДПМНЕ ги напушта позициите за заштитник на народот спротивставувајќи се на интересите на работниците од кои огромен дел се и подржувачи на оваа парија.

Славески а следствено и ВМРО-ДПМНЕ со јавната и отворена поддршка на работодавачите, го минира процесот на договарање на трите страни во економскиот совет давајќи им аргументи повеќе на стопанските комори да не ги прифатат барањата на Синдикатот.

Ваквите ставови на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ се сосема спротивни на апелите на граѓаните во анкетата на ТВ Алфа во која ги осудуваат сите оние кои се против зголемување на минималната плата.

Next Post

Ковачевски - Мецола: Поддршката на Европскиот парламент е значајна за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk