ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Шаќири: Минималецот не треба да се зголеми, платата треба да се укине

February 9, 2022 09:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2011 владата на Груевски постигна договор со синдикатите и се договорија за воведување на мининална плата со закон кој започна да се применува во 2012. Тогаш изнесуваше 8.050 денари нето-плата. Беше најавено како спас за 80,000 граѓани, а и беше со оглед на тоа што 20 години немавме закон за минимална плата. Човекот месец дена не се симна од медиумите. Во 2015/16 ги зголеми пензиите за 5%, односно во просек по 670 денари по пензионер, човекот 124 дена не се симна од медиумите, аплаузи од сите страни, аналитичари во состојба на катарза, 236 анкети со задоволни граѓани, хвалоспеви од новинарските бардови, анализи, дебати, се за постигнатиот успех. Минималната плата 2014 се качи на 8,800 (+750 ден), 2015 на 9,590 (+ 790) и 2016 на 10,080 (+490). После секое покачување следеше месец дена медиумска покриеност за постигнатиот успех и како владата мисли на граѓаните.

Сега, за период од 4 години минималната плата се зголеми скоро двојно, земајќи во предвид последното зголемување од 15,200 на 18,000 (+2,800). Повторно делириум во медиумскиот свет, аналитичари, новинари, економисти, бизнисмени, твитерџии, фејсбукаџии, само во обратна насока. Сите со едно големо „ама“, сите со аргументи против одлуката, а се работи нели за истите тие сиромашни граѓани на минималец (78,000). И јасно е тука нема што да се дискутира, не е во прашање минималецот, аргументите про и контра и вистинската дебата за минималецот, во прашање е кој го носи, која влада, која партија и се е тоа веќе видено и веќе не вреди ни да се коментира.

Најинтересни сепак ми се бизнисмените и овие претседатели на економските „гасни“ комори, ова било удар врз приватниот бизнис, не можеле да го издржат ударот, каде недела неработен ден па уште ова, па фирми ќе пропаѓале и таканатаму.

Ладнокрвни крвопијци раководени од единственото мото, „во зијанот сме заедно, во ќарот сум сам“. Веднаш се повикува државата да интервенира, да помага, се случува економска криза, државата да помага веднаш инаку ќе бркаме работници, се случува пандемија, владата да помогне да даде плати инаку ќе отпуштаме работници, енергетска криза исто, зголемување на минималец исто. Едно две тие ќе отпуштале работници затоа што сакаат да продолжат со профитот на кои се навикнати. Остави го работникот без леб, остави го на улица, остави го без можност храна за децата да донесе дома, а не може да се работи без профит некое време, а камо ли да се брцне во профитот акумулиран од минатиот квартал или година. Од друга страна, а се случи некоја добра година со профит поголем од планираното, никому ништо, ни повеќе пари во буџет, ни повеќе пари за работниците, се оди во „левата циска“, евентуално некоја бесна кола од 200 сома или виличка на море. Нема инвестиција во работникот, на него се гледа само како на трошок, а работникот е изворот на неговиот капитал, со чест на исклучоците. Имам еден таков бизнисмен пријател, ми вели денес „моите работници се добро платени другар, промена на законот ништо не ми значи, прво што гледам во месецот е да им ја исплатам нивната плата па после се останато“, да бе другар ама ретки се како тебе.

Од 2015 па навака индексот на трошоците за живот константно расте во однос на изминатата година. Во 2010 пресметано за едно четиричлено семејство (живот во 50 квадрати без поседување на автомобил) трошоците за основни потреби (храна и пијалоци) било нешто повеќе од 12,000 денари, додадено на тоа режимски трошоци, транспорт, хигиена и тн. ќе дојде околу 20,000 или два и пол минималци од договорот од 2011. Сега потрошувачката кошничка изнесува 35,000 или околу две минимални плати со најновиот договор. И ова е многу? Видете, од четиричлено семејство двајца да работат на минималец само за да покријат кошничката значи дека овие двајца не можат цигара да запалат, кафе да се напијат, да седнат еднаш во месецот надвор од дома ручек да јадат, а камоли некое пивце или вино да се напијат. Одмор, ви се молам, што е тоа? Или детето тинејџер на одмор да го пратат, ај ќе порасне па ќе заработува и тогаш ќе оди на одмор. Под секое човечко достоинство. И ова е многу така?

Со која профитна маржа работат нашиве компании/бизнисмени/олигарси? Во принцип во светот 5% профитна маржа се смета за нормална, 10% за здрва, 20% за висока. Обично се движат од 3-7% освен банкарски услуги, брокерски, фармацевсткиот бизнис, софтверски услуги и работа со недвижнини каде обично профитната маржа е околу 20%. Колку е кај нас? Не 5, не 10, не 20, нашиве мислам работат со 200% профитна маржа, нашиве сакаат преку ноќ милионери да станат, а работникот? Е за него е проблем минималецот да му го зголемиме, пази минималецот, а цените на продуктите и услугите ги зголемуваат, нереално. Ни законот за понуда и побарувачка на Смит не важи тука, се е тука нереално. Price gouging се вика тоа, покачување на цените на ниво многу повисоко од она што е разумно и фер. Тоа го прават задолжително после и за време на секоја криза. Дополнително, бараат од работникот да работи 3 работи одеднаш, се разбира за една плата. Па така имате ист човек да работи на производствена линија, утоварач, шофер, комерцијалист, во меѓувреме кафеџија и чистач, мултитаскинг се вика тоа, така барал пазарот. Бизнисот барал оптимизација на трошковите ама секогаш на глава на работникот нели.

А кој е работникот, тој што го ствара капиталот, оној нивниот, џипот, вилата, лукзузот. Како вели оној милијардерот Брансон, клиентите не се на прво место, вработените се на прво место. Ако се грижите за вашите вработени,тие ќе се грижат за клиентите. Што велат пак овие нашиве, многу е тој минималец ако може да го скратиме, а има дел од работниците што не се ни пријавени па така не го земаат ни тој минималец. Како велат после, ќе се демотивирале другите и ќе паднела продуктивноста, пошто вака се многу мотивирани нели, текстилни работнички, продавачки, работници по погони, по фабрики, крај со крај не може да врзе, детето со 10 денари го праќа на школо за една кифла (ау заборавив нема веќе кифли ни за 10 ден), така се мотовираат нели. Не, така се создава токсична атмосфера, а токсичната култура ја шири својата лоша енергија надвор од ѕидовите на компанијата, во заедницата. Ако брендот на работодавач биде уништен и компанијата ќе стане позната како токсично работно место, ќе се изгуби критичната конкурентна предност што може да го поттикне растот, а и ќе се намали привлечната моќ за квалитетна работна сила, тоа е едно од основните правила односно причини зошто треба да се инвестира во работникот, а не обратно. За општествена одговорност воопшто и да не зборуваме, се покажаа со пандемијата, се разбира со чест на исклучоците. Убаво вика Зиков во својата колумна, ако ви е проблем на крај краева да исплаќате минималец од 18,000 тогаш подобро затворете го бизнисот, но не се работи за проблем се работи за лакомост.

Има и некои позитивни работи сепак, на пример моралната поддршка на капиталистот, во тешки времиња таа е клучна, да завршам со анегдота една, разговор помеѓу газда бизнисмен и работник:

Кај беше за празниците?

Дома шефе.

Ејјјјјјј браво, дома си е дома, нема поубаво од дома.

И ти дома беше?

А не, бев во Сент Мориц на скијање ама многу се уморив да ти кажам, подобро да не отидев.

Е да…

Објава на Фејсбук од Ерол Шаќири

 

Next Post

Адел ѕвезда на годинешните Британски музички награди

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk