ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шпанија доби нова влада, патот за полноправно членство во НАТО е отворен

Гласањето во шпанскиот парламент почна напладне, а по 2 и пол часовната дебата, Санчез ги доби потребните 167 гласови за да ја формира новата влада. Формирањето на владата во Шпанија ќе го отвори патот за ратификација на протоколот со кој нашата држава ќе стане 30-та членка н НАТО, бидејќи Шпанија е единствена држава која се уште го нема направено тоа

January 7, 2020 15:15
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Гласањето во шпанскиот парламент почна напладне, а по 2 и пол часовната дебата, Санчез ги доби потребните 167 гласови за да ја формира новата влада. Формирањето на владата во Шпанија ќе го отвори патот за ратификација на протоколот со кој нашата држава ќе стане 30-та членка н НАТО, бидејќи Шпанија е единствена држава која се уште го нема направено тоа.

Ова е посебно важна вест за Република Северна Македонија затоа што уште две ратификации, онаа во шпанскиот Парламент и таа во Собранието кај нас ја делат од полноправното членство во Северноатланската алијанса, кое ќе биде реализација на стратешката цел, зацртана со консензус во 1993 година. Се очекува, до крајот на месецот новата шпанска влада да го ратификува, протоколот.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а приемот на Северна Македонија како 30.членка на НАТО е извесно, влезот е само формалност, бидејќи одлуката и согласноста од 29 земји-членки е веќе дадена.

Се чека ратификацијата во шпанскиот Парламент, но тоа таму ќе се случи откако привремениот шпански премиер Педро Санчез ќе формира Влада. Тоа не успеа да го направи завчера, а за да формира влада на неговите социјалисти и левичарската партија „Обединети можеме“ втора можност ќе добие денеска. Санчез завчера во Парламентот освои 166 гласови, а за потребното мнозинство му требаа 176.

Од наша страна, пак, предлог-законот за ратификација веќе е во процедура, откако Владата се одлучи за предвремена ратификација со одложено дејство, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед дека парламентот се распушта во февруари.

Ј.Ѓ/ И.Т.З.

 

Next Post

Во стампедо за време на прогребот на Сулејмани загинати најмалку 40 лица

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk