Професорката Мирјана Најчевска реагираше на објавата на Димитар Апасиев за апанажата.
„Кога не читаш закони а се правиш професор.
Работниците веќе имаат „апанажа“ и таа се вика паричен надоместок во случај на невработеност и е регулирано со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Може да се разговара за висината на апанажата, за висината на паричниот надоместок, за времетраењето, меѓутоа малку знаење не е на одмет“, вели во објавата професорката Најчевска.