Сите ние сме луѓе кои чувствуваме обврска кон државата. Имавме конструктивна седница, каде главно се разговараше за потребите на граѓаните, изјави во Утрински брифинг на „Слободен печат“, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Шекеринска во емисијата Утрински брифинг изјави дека последниве години СДСМ покажале дека се држат до интересот на граѓаните, транспарентноста, па дури и по цена да загубат политички поени.
– Во овој момент, по два циклуса, покажавме дека организиравме избори кои никој не ги спори. ВМРО-ДПМНЕ кога го прави тоа губиме децении. И тоа е жртва, ова е губење време, изјави министерката Шекеринска.