ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судот го прифати обвинението за организаторите на „Крвавиот четврток“

Основниот кривичен суд – Скопје информираше дека го прифатил обвинението за четири лица што се товарат за организација на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. На обвинителната клупа за „Крвавиот четврток“ ќе седнат поранешниот Претседател на Собранието Трајко Вељаноски, некогашните министри во владата на ВМРО – ДПМНЕ Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс – директорот на УБК Владимир Атанасовски

January 9, 2020 21:18
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Собрание, 27 април 2017 година

Собрание, 27 април 2017 година

Share on FacebookShare on Twitter

Основниот кривичен суд – Скопје информираше дека го прифатил обвинението за четири лица што се товарат за организација на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. На обвинителната клупа за „Крвавиот четврток“ ќе седнат поранешниот Претседател на Собранието Трајко Вељаноски, некогашните министри во владата на ВМРО – ДПМНЕ Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс – директорот на УБК Владимир Атанасовски, пренесе МЕТА.

Четирите лица се товарат за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Против две дополнителни лица, некогашниот премиер Никола Груевски и разузнавачот Никола Бошкоски, кои во моментов се наоѓаат во бегство, постапката беше запрена до нивното пронаоѓање. Судот допрва ќе информира за кога ќе биде закажано судењето, но извесно е дека најпрво ќе треба да се избере судија што ќе го води предметот.

Според обвинителниот акт на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, обвинетите лица подготвиле и реализирале насилен план за да не се случи мирно примопредавање на власта по предвремените парламентарни избори од 2016 година.

„Во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили“, се вели во обвинението.

Ова е второ судење за „Крвавиот четврток“, откако веќе беше завршен судскиот процес за 16 обвинети за терористичко загрозување на уставноста на 27 април 2017 година. Во овој процес беа досудени 211 години казна затвор за овие 16 лица, додека 15 лица добија амнестија од Собранието.

Next Post

Наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево и тивко

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk