ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Нема никаков простор за паника, има доволно нафта и нафтени деривати

March 3, 2022 20:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема простор за никаква паника во делот на снабдување со нафта и нафтени деривати. За мене е несфатливо како е дојдено до оваа ситуација, бидејќи сите анализи покажуваат дека и компаниите сами имаат залихи, а дополнително имаме и согласно Агенцијата за стокови резерви и нафта и бензин и сите други деривати кои се пропишани. Ги повикувам сите граѓани да не чекаат во колони на бензинските пумпи, бидејќи нема никаков простор за паника, нагласи вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој, во гостувањето на дневникот на Сител ТВ, потенцираше дека создадената паниката е вештачки креирана ситуација.

– Треба да се провери како, дали е тоа од трговците со нафта и нафтени деривати или се дезинформации на портали. Ги уверувам сите граѓани дека тоа се целосно дезинформации – има нафта и нафтени деривати во нашата држава и залихите на компаниите се проверени од страна на Пазарниот инспекторат, а секако ги знаеме и податоците на државните резерви, истакна министерот за економија.

Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање околу поставените лимити за колку гориво може да наточи еден потрошувач и забраната за полнење во туби, наметната од страна на одредени трговци на мало, рече дека тоа е недозволиво.

– Јас разговарав со директорката на Пазарниот инспекторат – тоа е недозволиво да се направи, но не треба сами граѓаните да шират паника, да одат на бензински пумпи на ваков начин, бидејќи првично нема ништо да добијат од тоа. Во континуитет ќе има нафта и нафтени деривати и не треба сами да ја создадат кризата, затоа што кога не се купува согласно потрошувачката што е предвидена или повеќе или помалку, тоа може да создаде нарушување на пазарот. Значи нема никаков проблем во делот на снабдувањето со нафта, бензин и други деривати, изјави Бектеши.

Министерот за економија додаде дека инспекторите од Пазарниот инспекторат се на терен и спроведуваат контроли.

Тој потсети дека во континуитет се снабдуваат сите трговци со нафта и нафтени деривати во нашата држава.

Претходно и од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за МИА изјавија дека нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво.

– На тој начин си прават “залиха”, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочија од РКЕ.

Од Комисијата нагласија дека во текот на денешниот ден добиле укажувања од поголем број потрошувачи дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите.

– Некои бензински пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. За состојбата РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво непазарно однесување кое е недозволиво и забрането. Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија, додадоа од РКЕ.

извор: МИА

Next Post

Белата куќа бара од Конгресот 10 милијарди долари за помош на Украинa

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk