ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Резников: Загубите на руската армија го надмина бројот од 10 илјади убиени и ранети

March 4, 2022 15:21
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе втора недела им даваме отпор на руските окупатори. Во овие часови и денови се случува разбивање на ситуацијата. Времето на пробивање бара собраност, посебна концентрација. Нашите бранители и бранителки го запреа непријателот во повеќето правци. На некои насоки Вооружените сили успешно им нанесоа контраофанзива, соопштува министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников.

Известува дека ситуацијата на југ и понатаму е тешка, каде што руските сили во последните часови ја гранатираше Запорожската нуклеарна централа. Но, борбениот дух на луѓето во козачката земја, како што вели, е таков што окупаторите се осудени на пораз.

„Харков стои како непобедлива тврдина. Цела Украина со болка го гледа руското гранатирање. Но, сега цела Европа знае дека Харкив не е само интелектуален и индустриски центар, туку и горд град на храбри граѓани. Суми и Чернигив се борат. Тие го спасуваат Кијив од опсада. Се додека не се наруши управувањето со државата и армијата, непријателот нема никакви шанси. На исток и југ – насекаде – украинскиот народ му дава отпор на непријателот и се приближува кон победата“, вели Разников.

Резников истакнува дека според резултатите од овие 8 дена, загубите на руската армија го надмина бројот од 10 илјади убиени и ранети. Уништувањето на најмалку еден руски генерал е потврдено. Руското општество почнува да ги чувствува и разбира овие загуби, вели украинскиот министер за одбрана.

„Уништените руски оклопни возила веќе треба да се бројат не по единици, туку по баталјони и бригади.

Вооружените сили добија речиси повеќе тенкови и оклопни возила како трофеи, отколку што има добиено украинскиот одбранбено-индустриски комплекс во последните 8 години.

Нашите бранители запленија неколку возила со гранати за ракетни фрлачи со повеќе цевки, со кои руските воени злосторници ги гранатираат нашите мирни градови. Сите овие гранати ќе му се „вратат“ на непријателот.

Ние исто така трпиме загуби. Војна е голема тага. Речиси секој час има информации дека руските окупатори повторно убиле мирни граѓани. Крвта ни врие од лутина кога нашите деца умираат…

Има загуби меѓу нашите војници. Тие се борат како киборзи, но имаат живо срце во градите. Секој од нив ќе биде почестен како херој.

Луѓето се највредното нешто за нас. Ова ја разликува Украина од Русија. Многу се надевам дека руската страна ќе ги исполни своите обврски за создавање хуманитарни коридори.

Деновиве се донесени многу тешки одлуки. Моравме да маневрираме за да ја спасиме армијата. Но, целата наша земја ние ќе ја вратиме.

Со болка гледаме на уништените згради по руското гранатирање. Ќе обновиме се.

Командантот на предводникот на украинската морнарица ја исполнил наредбата да го потоне бродот, за фрегатата „Гетман Сагајдачниј“, која била на поправка, да не стигне до рацете на непријателот. Тешко е да се замисли потешко решение за храбар воин и целиот тим. Но, ќе изградиме нова флота. Современа, моќна.

Главната работа сега е да издржиме.

Совршено разбирам. Сите се уморни, многу луѓе се исцрпени, шокирани од загубите. Сè уште ни претстои многу тежок период. Ни треба многу сила и издржливост.

Но, сакам да им кажам на сите. Украинци вие сте неверојатни!

Непријателот е збунет и исплашен. Сè уште не сме го победиле. Но, тоа време неминовно се наближува.

Стаорците од Кремљ веќе треперат. Дел од нив активно бараат начин да избегаат.

Цела Украина успешно се обновува за да живее во услови на одбрана. Помошта доаѓа во индустриски количини, оваа работа е веќе воспоставена.

Ние ќе ја заштитиме нашата земја и ќе ја оставиме на идните генерации просперитетна, успешна, подобра од тоа што беше“, наведува Резников во соопштението.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Фрчкоски и злобните скакулци

Shortcut

Најново

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk