ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кабинетот на Пендаровски информиран дека се бара враќање на едно возило што го користи претседателот

Информирани сме дека постои интерен допис во чии рамки се бара враќање на едно возило кое го користи претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во врска со барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев да се вратат 35 службени возила претходно распределени од техничкиот премиер Оливер Спасовски во повеќе институции

January 12, 2020 21:11
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Информирани сме дека постои интерен допис во чии рамки се бара враќање на едно возило кое го користи претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во врска со барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев да се вратат 35 службени возила претходно распределени од техничкиот премиер Оливер Спасовски во повеќе институции, пренесува МИА.

-ВМРО-ДПМНЕ повторно и упорно ја манипулира јавноста со лажни вести и информации, а од друга страна е кристално јасно дека една политичка партија нема механизми за докажување какви било злоупотреби, па ниту злоупотреби на возила, реагираше денеска СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, власта е во паника поради откривањето дека возила се користеле за приватни цели.

-Заев, Спасовски и Петровска се во паника затоа што се гледа дека Лазе Евридики, не е единствениот кој полициските службени возила ги злоупотребувал за лични потреби. Лазе ќерката си ја развозуваше по грчки кампови, а за соработниците на Спасовски не се знае ниту каде ги управуваат возилата, рече Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со одлуката за прераспределба на полициски службеници, СДСМ нагласува дека Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во земјава.

Дополнителниот заменик-министер во МВР, Славјанка Петровска вчера преку соопштение најави дека ќе поднесе кривични пријави до надлежното обвинителство против Чулев, поради, како што наведе, несовесно и нестручно работење.
Next Post

Чадорот на Шилегов ги прибра сите „сончеви“ демонстранти

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk