Фудбалерите на Реал Мадрид го освоијт етрофејот во шпанскиот Супер купо, откакко вечерва во Џеда (Саудиска Арабија) го победија Атлетико Мадрид на пенали со 4:1.
По основните 90 и дополнитените 30 минути ниту една од екипите не ја затресе противничката мрежа.
Реал средбата ја заврши со играч помалку поради црвениот картон на Федерико Валверде во 115. минута.
Во пенал-серијата за Реал погодија Карвахал, Родриго, Модриќ и Рамос. За Атлетико единствено погоди Трипие, додека Саул и Томас не реализираа.
За „кралевите“ ова е 11 трофеј во Супер купот. Најуспешна екипа е Барселона со 13 трофеи.