ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Северна Македонија е атрактивна за инвестиции кои ќе донесат просперитетна иднина за нашата земја и регионот

March 21, 2022 17:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се обрати на настанот на првата трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора.

На настанот, покрај вицепремиерот Битиќи, се обратија и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата зема Кејт Мари Брнз, и Дејвид Бургер, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Република Грција.

Првата трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора собра повеќе од 30 компании и од двете земји кои имаа пред кои беа презентирани можностите за соработка и проширување на нивните потенцијали за развој врз основа на погодностите за инвестирање кои ги нуди нашата земја, преку различните програми за државна помош и преку Законот за стратешки инвестиции.

Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во целост:

Почитувани екселенции, драги гости од Грција,

Почитувани претставници од бизнис секторот,

Кога ќе погледнам околу оваа маса, се чувствувам благодарен, знаејќи дека седам меѓу пријатели.

Ми претставува голема радост кога гледам што може да направи конструктивниот и отворен дијалог! Прво доведе до Договорот од Преспа пред неколку години, а денес не зближува сите заедно во оваа трговска мисија. Тоа е моќта на отвореноста и взаемното почитување – тоа може да донесе само перспектива и заеднички раст.

Огромна благодарност и честитки до Американските комори на двете земји за организирањето на оваа прва трговска мисија и за создавањето на овој простор каде што можеме да зборуваме за можностите и потенцијалот за инвестирање во нашата земја, но и да споделиме идеи за тоа како можеме да растеме заедно како регион.

Ви благодариме што бевте амбасадори и што го ширите добриот збор за потенцијалот за инвестирање во Северна Македонија, како и што ги изложивте нашите достигнувања, проекти и идни планови и во јавниот и во приватниот сектор.

Во изминатите години сме сведоци на целосниот потенцијал на пријателствата и како тоа може да биде од корист за сите кога добрите намери и разбирањето се ставени пред несогласувањата.
Додека гледаме раст на економската соработка меѓу двете земји, уверен сум дека има многу потенцијал за дополнително проширување и се надевам дека денеска ќе ги отвориме вратите преку споделување идеи и можности за инвестирање.

Оваа Влада гледа на бизнис секторот и на инвеститорите во нашата земја како на партнери. Градиме силни и искрени односи и тоа носи резултати.

Пред неколку години ги избришавме разликите меѓу домашните и странските компании. Сите компании кои работат во нашата земја добиваат исти можности. Да се аплицира и да се добие државна помош е процес кој е целосно отворен и транспарентен. Секоја компанија, секоја засегната страна е однапред свесна за поддршката што може да ја очекува при инвестицијата. Ова создава предвидливост и стабилност за водење бизнис во нашата земја и што е најважно, создава добра бизнис клима за инвеститорите, што ги поместува нашите граници и ја става Северна Македонија на мапата на земји со најатрактивна средина за инвеститори.

Фокусирани сме на преобликување на нашата економија преку донесување на повисоко платени работни места и производство на производи со повисока додадена вредност, со поддршка до 50% од вкупните инвестициски трошоци за центрите за истражување и развој на компанијата како дополнување на веќе одобрените 50% поддршка на инвестицијата во производство. Пакетите за поддршка вклучуваат 10-годишно даночно ослободување на корпоративниот и персоналниот данок на доход. На страната на готовинскиот грант обезбедуваме 20% поврат на капиталните инвестиции како и грант за секое отворено работно место.

Пред пандемијата го креиравме „Законот за стратешки инвестиции“ кој ги регулира критериумите, условите и постапката за аплицирање, утврдување статус, избор, подготовка и реализација на инвестициски проекти од највисок стратешки приоритет за државата или Стратешки инвестициски проекти. Овој закон има за цел да овозможи амбиент за големи инвестиции во нашата земја врз основа на принципите на слободно движење на стоки, услуги и капитал, слободна конкуренција и еднаков третман, недискриминација и транспарентност.

Владата на Република Северна Македонија ги има сите свои намери насочени кон интеграција и градење партнерства. Ние сме официјална членка на НАТО и посветени сме на нашата интеграција во Европската Унија.

Додека работиме на остварување на оваа цел, ние постојано ги подобруваме нашите домашни регулативи и политики за да бидеме подготвени и да ги исполнуваме европските стандарди  за да овозможиме добра деловна клима во нашата земја додека работиме на зајакнување на нашата домашна економија, така што кога ќе се отворат вратите на ЕУ, нашата економија ќе бидат подготвена.

Бидејќи сме на прагот на Европската унија, нудиме единствена можност за пласирање на пазарот, како и силни синџири на снабдување кои можат да се шират низ регионот на Западен Балкан.

Мојата надеж и визија за нашиот регион во овој пост Ковид период лежи во капитализирање на целосниот потенцијал на хармонизирање на економиите со соседните земји (Near-shoring) што се покажа како неопходност за време на пандемијата. Кога далечните меѓународните добавувачи не успеаја да испорачаат, она што стана очигледно повеќе од кога било се можностите им потенцијалот на регионалните синџири на вредности кои можат да генерираат економска стабилност и раст за сите.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи на средба со групата „Пријатели на Северна Македонија“ во ЕП

НАЈНОВО

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025
Фото: МИА

Мицкоски: Оската Филипче-Ахмети-Апасиев ја влече Македонија назад

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk