ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина. Еден месец терор. И лаги.

March 24, 2022 10:54
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Еден месец брутална руска агресија врз Украина. Требаше да биде блицкриг, се претвори во крвава пресметка на еден болен режим против цивилното население на земја во која агресорите имаат 11 (од вкупно 45) милиони роднини.

Завршува еден месец од крвопролевање во кое не се лее само украинска крв. Украинките и Украинците се борат да го одбранат својот дом, но и целиот свет. Крвари целиот свет и со брзи чекори ита кон својот суров крај.

Тенкови против живо човечко месо. Против деца, трудници, стари жени и мажи. Со ужасниот терор на гранатите, бомбите и ракетите, придружен со теророт на лагите се срамнуваат со земјата цели градови.

Десет милиони цивили, повеќето жени, деца и стари, ги напуштија своите домови, од нив повеќе од три милиони се надвор од границите на Украина. Речиси половина од бегалците се деца. Конвоите на неизмерното човечко страдање на границите и железничките станици ги пречекаа хуманите луѓе од Полска и од другите европски држави. Ги пречека и мрачното подземје. А трагедијата не завршува со бегството од војната. Криминалците го собираат својот данок во крв и дел од жртвите ги голта подземјето.

Еден месец по почетокот на оваа брутална агресија на режимот на Путин, падна во вода сето пропагандно ѓубре. Тој, заедно со своите сојузници – лагите и теророт – тргна во „специјална операција за демилитаризација и денацификација“ против држава што ја води Евреин чие семејство дало жртви во Холокаустот. Му се спротивстави слабо вооружен народ, обични цивили што го бранат прагот на својот дом. Толку.

Војната заврши за Путин. Тој и неговите следбеници ги надвисна сенката на нивните воени злосторства. Историјата ќе ги запомни на своите страници на мракот и злосторствата. Уништени животи, уништени градови, уништени генерации. Што и да се случи во и со Украина, Русија и светот – тој доживеа пораз. Но…

Губитници се сите луѓе на светот, потонати во илузиите на конформизмот, предводени од колебливи политичари и алчни опортунисти. И на сите пропуштени прилики да им се пружи утеха и засолниште на милиони други луѓе во непосредното и подалечното минато.

И целиот свет да го уништи, тоа е пораз за Путин. Тој го нападна човештвото, почнувајќи од Украина и Русија, завршувајќи со целиот свет. Ако го уништи човештвото, не значи дека е победник. Русија мора да му пресуди на овој злокобен лик час поскоро. Или да му се придружи во вечниот мрак на историјата.


Слава им на паднатите жртви. 
Слава Україні!
#StandWithUkraine

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Александрос Аврамидис/Ројтерс

УНИЦЕФ: Половина од децата во Украина приморани да ги напуштат домовите

НАЈНОВО

Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Техеран ги укина сите ограничувања: Истече меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран

October 18, 2025
Фото: МИА

Денеска гласаат 2.162 затвореници, 8.851 болни и немоќни и 442 возрасни лицата во старските домови

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk