Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.787 тестови, а регистрирани се 232 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 139, Битола – 19, Кавадарци – 14, Охрид – 10, Прилеп – 8, Кичево – 5, Гостивар и Неготино – по 4, Куманово, Тетово и Кочани – по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (232), регистрирани се 38 реинфекции.
Регистриран e 221 оздравен пациент од: Скопје – 140, Битола – 19, Прилеп – 11, Кавадарци – 10, Куманово – 8, Велес – 5, Охрид и Струмица – по 4, Кратово – 3, Кичево, Струга , Крива Паланка и Богданци – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Гевгелија, Неготино, Ресен, Радовиш, Дебар и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (59г, 65г и 95г) , сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од: Скопје (2) и Прилеп (1), на возраст од 74 години до 91 години. Од пријавените починати лица, 2 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 14.03.2022 год. до 23.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.787 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-74, ЦЈЗ Битола-53, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија, болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-45, Авицена-88, Биотек-71, Систина-51, лабораторија Лаор-126, Синлаб-8, Ремедика-11, Плодност-18, Генеа-29, Никоб Лаб-244, ВФВ Медикал-77, Ели Медика Плус-34, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.335.
Досега во земјата се направени вкупно 1.951.621 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.878, бројот на оздравени пациенти е 293.700, на починати е 9.203, а бројот на активни случаи изнесува 1.975.