ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Иницијативата на невработени театарџии вo С.Македонија – Аудиција Сега!

March 28, 2022 19:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се обраќаме на надлежните, нo и на целата македонска јавност во името на над 160 дипломирани театарски работници, од кои еден дел се на професионално доусовршување во странство, дел се имаат откажано од театарот, а дел (над 60 театарџии) – невработени и вработени (но не во својата струка) актери, режисери, продуценти и драматурзи/драмски автори, државјани на С.Македонија, кои ја формираа оваа Иницијатива – АУДИЦИЈА СЕГА!
Нашата порака за Светскиот ден на театарот е малку поразлична од другите, има форма на Листа на барања, кои претставниците на иницијативата сакаат да ги продискутираат на средба со министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска која и формално беше побарана на 25.03.2022, со надеж дека ќе бидат исполнети. Приоритетно барање на иницијативата е формирање работна група за разработка на веќе постоечките, но и креирање нови културни политики, отворање нови работни места; воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена; водење сметка за процентот на учество на невработени/вработени театарџии во театарските продукции при бодувањето; задолжително ангажирање невработени режисери со по минимум еден проект во институциите годишно; ангажирање невработени актери во секоја претстава во продукција на институционалните театри и редовни конкурси за драми на македонски драмски автори. Секако, ова се само дел од барањата. Сосема случајно, дел од пораката по повод Светскиот ден на театарот на д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје, го објаснува она што нè поттикна да ја формираме оваа Иницијатива:

„…Најважно од сѐ, публиката, критиката, театролозите, професорите да се искрени
пред себе и пред театарските уметници, да се говори јавно, отворено, да се критикува,
но не да се критизира, да се инспирира, да се отвораат можностите, да не се
дозволува еден или двајца луѓе да креираат програма на една театарска заедница, да
се даде шанса на сите што ја заслужуваат, затоа што ние сите му требаме на
театарот. Ние, што го сакаме и сакаме со него да го збогатиме светот во кој живееме!“

Очекуваме позитивен одговор и покана за средба со министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во скоро време.
Сите заинтересирани театарџии кои сакаат да се приклучат или да ги поддржат барањата, можат да се обратат на audicijasegainicijativa@gmail.com.

Next Post

Бајден предложи 6,9 милијарди долари за помош на Украина против Русија и зајакнување на НАТО

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk