ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Синдикатот на новинари на Украина апелира до странските новинари: Мора заедно да го запреме геноцидот

April 3, 2022 19:12
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
фото: Интерфакс

фото: Интерфакс

Share on FacebookShare on Twitter

„Најновите застрашувачки фото-факти од ослободените украински градови Буча и Ирпин покажуваат дека во моментов се случуваат злосторства против човештвото. Руските трупи во Украина не само што се борат против вооружените сили на Украина, туку и практикуваат тортура, егзекуции, па дури и палење цивили. Ова е вистински геноцид врз украинскиот народ и се случува токму сега, во 21 век! Мораме да го запреме ова заедно и никогаш да не дозволиме да се повтори каде и да може да се случи“, апелираат од Националниот Синдикат на новинари на Украина до странските новинари.

Тие повикуваат на будност и спремност новинарите да ги прикажат варварските злосторства на руските вооружени сили.

Украина. Фото: Алексеј Фурман

„Ние разбираме дека вашите земји живеат мирно и нема потреба од воена реторика. Но, од внатрешноста на војната, можеме да ве увериме дека војувањето е општ интерес на целиот слободен свет. Треба да дадеме сè од себе за да спречиме нови прекршоци, од каде и да доаѓаат. Засега заканата доаѓа од Русија и нејзините сојузници“, стои во апелот.

Повикуваат новинарите од светот да известуваат за агресијата, грозоморните гранатирања на станбени згради и безбројните воени злосторства што ги извршува руската војска.

Украина. Фото: Алексеј Фурман

„Ве повикуваме да продолжите да го привлекувате вниманието на светот на она што всушност се случува во нашата земја. Опколените и напатени градови Мариупол и Керсон, грозоморно гранатирање на станбени области во Харкив и безброј други воени злосторства што веќе ги изврши руската армија. Не смееме да дозволиме да се претворат во Трета светска војна. Сигурни сме дека вашето новинарско искуство, професионалните контакти и убедувачките вештини се од суштинско значење за откривање на вистината за грдото лице на војната“, стои во повикот од Националниот синдикат на новинари на Украина.

Украина. Фото: Алексеј Фурман

Потсетуваат дека нападот на руските сили е изграден врз пропаганда и дехуманизација од огромни размери кои се неприфатливи за целото слободно човештво.

„Целосниот воен напад на украинската територија продолжува, градовите и инфраструктурата постојано се на удар од воздух, море и копно. Под изговор за „демилитаризација“ и „деназификација“ на Украина, Русија има сосема други цели, уништувајќи цели градови и убивајќи невини цивили, вклучувајќи жени и деца.“, се наведува во апелот.

Украина. Фото: Алексеј Фурман

Новинарскиот синдикат посочува на бројни случаи на масовни убиства на цивили, силувања, грабежи, киднапирања и егзекуции на цивили кои се официјално потврдени од меѓународните институции како ОН. Русија, се прецизира во апелот, продолжува отворено да ги крши основните принципи на меѓународното хуманитарно право.

„Десетици колеги на светот му ја пренесуваат вистината за ужасите на војната во Украина по цена на нивниот живот и здравје. Многу од нив беа жртви на нападите. Светот мора да ја види реалноста. Ве молиме бидете тие што ќе помагнат да се открие. Почитувани новинари и медиумски работници од светските медиуми, Ние, Националниот синдикат на новинари на Украина, сакаме да ви се заблагодариме за поддршката на Украина, која ја чувствуваме во време на руска инвазија во нашата земја“, стои во апелот потпишан од претседателот на Националниот Синдикат на новинари на Украина, Сергиј Томиленко.

Подготвил: Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Макрон: Фотографиите од Буча се неподносливи, руските власти мора да одговараат

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk