ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Интернет цензура 2020: Северна Македонија со малку онлајн ограничувања

Голем број земји ги ограничуваат медиумите на некој начин, или преку строги ограничувања на новинарите кои зборуваат на табу-теми или со отстранување на интернет-страниците што настојуваат да објавуваат независни вести.

January 16, 2020 09:39
in TECH FRONT, МЕДИУМИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Според истражувањето за „Интернет цензура 2020“, под наслов „Глобална мапа на Интернет рестрикции“, Северна Македонија се наоѓа во групата со малку онлајн ограничувања. Земјава е оценета со два бода во скала од 10 бода, при што оценетите со 10 имаат најголеми рестрикции на Интернет, пренесе МИА.

Во оваа студија, истражувачите ја споредиле состојбата на Интернет во 181 земја за да видат кои земји наметнуваат најстроги ограничувања на Интернет и чии граѓани уживаат најголеми слободи на Интернет.

Студијата зема предвид 10 фактори како што се ограничување и забрана за торенти, ограничување и забрана за порнографија, ограничување и забрана за политички медиуми, тешка цензура на политичките медиуми, ограничувања и забрана за социјални медиуми, ограничувања и забрана за VPN. Северна Македонија има одредени рестрикции во однос на преземање содржина од Торент, како и забрана за политички медиуми.

Според студијата, најлоша ситуација, кога станува збор за цензура на Интернет, е во Северна Кореја, каде се забележани сите 10 фактори на ограничување.

Следат Кина (9), Русија, Туркменистан и Иран, Белорусија, Турција, Оман, Пакистан, Обединетите Арапски Емирати и Еритреја. Кина, Еритреја, Туркменистан и Северна Кореја се исто така единствените земји што наметнуваат целосна блокада на социјалните мрежи, а може да ги следат и некои други земји, кои според студијата би ги загрозиле слободниот говор и приватноста.

Голем број земји ги ограничуваат медиумите на некој начин, или преку строги ограничувања на новинарите кои зборуваат на табу-теми или со отстранување на интернет-страниците што настојуваат да објавуваат независни вести.

Иако не е изненадување што Кина, Русија и Северна Кореја се на врвот на списокот, загрижува сè поголемиот број рестрикции во многу други земји, оцени авторот на студијата Пол Бишоф, експерт за ИТ содржина. – Од можната блокада на порнографските содржини во Велика Британија и Австралија до растечкото политичко медиумско непријателство во САД, нашите онлајн слободи веќе не можат да ги земаме здраво за готово, вели тој.

Бидејќи цензурата станува почеста, сè повеќе земји би можеле да се приклучат на списокот на забрани и со тоа да ја загрозат дигиталната приватност на граѓаните, се заклучува во извештајот. 

Next Post

(Видео) Принцот Хари се обрати првпат по Мегзит

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk