„И правото на штрајк и правото на воспитно-образовен процес се со Устав загарантирани права, но во ваква ситуација и меѓународните документи и Конвенцијата за правата на детето викаат дека во случај на судир на две права, предност се дава на правата на детето“ изјави Народниот правобранител Насер Зибери.
Тој додаде дека воспитно-образовниот процес не треба да трпи последици и кажа дека до неговата канцеларија се пристигнати претставки за нарушување на воспитно-образовниот процес.
„Има поплаки од родители зошто не се во можност да ги упатуваат децата во воспитно-образовниот процес, особено во предучилишните установи. Најдобра илустрација е претставката која почнува: Почитуван правобранител, сакам да кажам дека целосно го поддржувам штрајкот на наставниците, а продолжува со ве молам преземете мерки наставниот процес да продолжи“ рече Зибери.
Тој додаде дека до овој момент во канцеларијата на Народниот правобранител се пристнати 4-5 претставки од родители за прекинот во образовниот процес, а ниту една претставка за попречување на штрајкот.