Во последно време министерот за одбрана на Руската Федерација, секогаш активен во медиумскиот простор, се поретко се појавува во јавноста. Сега Шојгу даде изјава за војната за прв пат по три недели.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја даде првата изјава по три дена за војната во Украина. Тој изјави дека тие „доследно го исполнуваат планот за ослободување“ на самопрогласените „ДНР“ и „ЛНР“.
Шојгу го изјави ова за време на говорот во одборот на Министерството за одбрана, пренесува руската служба на Би-Би-Си.
Конкретно, Шојгу ги обвини САД и другите западни земји дека „ја продолжуваат војната што е можно повеќе.
„Зголемениот обем на испораки на странско оружје јасно ги покажува нивните намери да го испровоцираат режимот во Киев да се бори „до последниот Украинец“, рече Шојгу.
Претходно руските новинари привлекоа внимание на исчезнувањето на Шојгу од информативниот простор. Министерот не се појавува на социјалните мрежи и емитувања од 11 март.
Потоа се појави информација дека шефот на руското Министерство за одбрана наводно имал срцево заболување. А спикерот на Путин, Дмитриј Песков, одговори дека сега „не е време за медиумска активност“.
За да ги побие гласините, Министерството за одбрана на Руската Федерација објави видео на кое Шојгу комуницира со колегите преку видео врска.
превод: Жорж Димовски