Нискобуџетната авио компанија планира да почне да лета од украинските градови од 4 јули, пишува Фокус.
Унгарската нискобуџетна авио компанија WizzAir од 4 јули продава билети од некои украински аеродроми. Системот за резервации со ниска цена вклучува летови од Лвив, Киев и Одеса до различни европски земји, како што се Полска, Литванија, Италија и Обединетото Кралство.
Билетите за различни датуми, почнувајќи од 4 јули, може да се најдат на веб-страницата на нискобуџетната компанија
Билетите за некои дестинации се веќе распродадени. Ценовната политика на WizzAir останува иста како и пред рускиот напад на Украина: билетите до некои дестинации чинат околу 300 UAH (10 ЕУР).
Ќе потсетиме, во февруари во пресрет на руската инвазија многу авиокомпании почнаа да откажуваат летови за Украина. КЛМ беше првата која ги прекрати летовите до оваа дестинација и престана да лета до украинските аеродроми на 12 февруари.
„Изборот на безбедни и оптимални рути е составен дел од нашата секојдневна практика. KLM секојдневно ја следи и проценува ситуацијата во Украина. Не сме летале над источните региони на Украина и Крим од 2014 година. Исто така неодамна беше одлучено да не ги оставаме нашите екипажи да преноќуваат во Киев, но веднаш да летаат назад“, објасни портпаролката на KLM, Маријан Розмаер.
Потоа дојдоа други големи авиокомпании, на пример, германската Луфтханза престана да лета за Украина на 21 февруари. Компанијата не ги соопшти причините, но соопшти дека постојано ја следи ситуацијата околу Украина.
превод: Жорж Димовски