ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Обезбедивме резултати во сузбивање на недозволена трговија и достапност на услугите на граѓаните

April 26, 2022 15:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на тематската владина седница, која денеска се одржа по повод одбележувањето на 100 дена мандат на Владата, премиерот Димитар Ковачевски се задржа и на успешните постигнувања кои во изминатиот период беа спроведени во насока на сузбивање на организираниот криминал со наркотици.

„Резултатите од бескомпромисниот став во сузбивањето на недозволена трговија со дрога се евидентни и овие полициски акции ја позиционираа државата како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со забранети наркотични супстанци“, рече Ковачевски посочувајќи дека за само три месеци се запленети седум килограми хероин со вредност од речиси 300.000 евра, околу 1.2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од милионски износ во евра и над 2,2 тона марихуана со вредност од над 5 милиони евра.

Задржувајќи се на остварената реконструкција и реновирање на полициските станици и воспоставувањето на систем од модерни и опремени објекти за стручна и ефикасна работа на полицијата, премиерот Ковачевски, во своето експозе по повод позитивните остварувања во изминатите 100 дена, ја истакна мотивираноста на полициските работници кои на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ја гарантираат целосната лична и имотна сигурност на граѓаните и неселективно се справуваат со организираниот криминал и корупција.

„Една од позначајните работи е и тоа што со посветена работа на нашата полиција продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите три месеци од 2022 година има 18 жртви, што е за 10 помалку споредено со истиот период лани. Само во месец март 2022 година имаме четири жртви, бројка која е дури четири пати помала од 2021“, истакна Ковачевски.

Тој во своето експозе по повод 100 дена мандат на Владата ги наброи и позитивните постигнувања во областа на правосудството, односно успешното продолжување на реализацијата на дигитализацијата и конкретно ставањето во употреба на информатичко-компјутерската опрема во судниците на пет основни суда.

„Обезбедувањето дигитални услуги за граѓаните е наш приоритет. Овозможуваме брз, лесен и едноставен начин на барање и стекнување на документи или податоци за секој еден граѓанин на нашата држава. Електронските уверенија од казнената евиденција за физички лица се во моментов достапни како услуга на националниот портал uslugi.gov.mk. Од скоро истата услуга е достапна и за правни лица. Успешно се спроведува и системот за бесплатна правна помош за граѓаните. Зголемен е бројот одобрени барања за бесплатна секундарна правна помош за над 50%, додека пак примарна правна помош добиле речиси 20% повеќе граѓани во однос на претходната година“, подвлече Ковачевски.

Тој се задржа и на подготовката на законите за изменување на платите на судиите, на членовите на Судскиот совет, на јавните обвинители и членовите на Советот на јавни обвинители, закони кои се во владина процедура, а се во насока на зачувување и обезбедување на достоинството и одговорноста на професиите, судија и обвинител и со цел заштита од притисоци при донесување одлуки.

Next Post

Со идејата за рехабилитација на Ќосето, ние покажуваме колку сме всушност „неповратно“ болни

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk