ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МЗ за 100 дена Влада: Нова медицинска опрема, зајакната дијагностика и бројни инвестиции во здравството и во услови на ковид пандемија

Покрај набавката на нова опрема, фокусирани сме и на обнова на инфраструктурата. Целосно е реконструиран одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Станува збор за оддел кој е единствен од овој карактер во регионот, ќе ги згрижува сите деца со малигни болести, а ќе се лекуватт и пациенти од Косово и Јужна Србија, велат од Министерството за здравство.

April 28, 2022 11:15
in Uncategorized, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во континуитет обезбедуваме нова најсовремена медицинска опрема за јавните здравствени установи, со цел унапредување на условите за третман на пациентите и подигнување на квалитетот на здравствените услуги. На Институтот за радиологија, деновиве се инсталирани четири нови апарати за компјутерска томографија и за магнетна резонанца, обезбедени во соработка со Светска банка. Со оваа инвестиција овозможуваме побрз пристап на пациентите до потребните дијагностички услуги, а со тоа и побрза детекција и третман на заболувањата, особено ако станува збор за малигни заболувања каде раната детекција е клучна. Со грант од Јапонија е обезбедена современа медицинска опрема за повеќе клиники наменета за третман на пост-ковид пациенти (дефибрилатори, електрокардиограми, анализатори за крв, централни монитори, рендген апарат и мобилни ЕХО апарати). На Клиниката за пулмологија е промовиран нов Компјутерски центар за дијагностика, а преку проектот „Снабдување со опрема за одговор на здравствени закани“ се обезбедуваат три апарати за МР за Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ОБ Струмица и ОБ Прилеп и пет апарати за КТ за Клиника за пулмологија и општите болници во Куманово, Кичево, Гевгелија и Кавадарци., пишува во соопштението на Министерство за здрвство.

„Од аспект на зајакнување на дијагностиката, во соработка со Управата за електронско здравство, изработивме веб платформа skrining.mk, преку која жените првпат имаат можност по електронски да закажат преглед во рамки на бесплатниот организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест.

Покрај набавката на нова опрема, фокусирани сме и на обнова на инфраструктурата. Целосно е реконструиран одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Станува збор за оддел кој е единствен од овој карактер во регионот, ќе ги згрижува сите деца со малигни болести, а ќе се лекуватт и пациенти од Косово и Јужна Србија.

Извршена е целосна гасификација на ОБ Куманово, што овозможува значително позитивен ефект врз животната средина, квалитетот на воздух, а се овозможува и финансиско олеснување за установата која ќе може финансиските средства да ги пренасочи за други инвестиции и проекти. Станува збор за инвестиција во вредност над 20 милиони денари.

Во насока на стручно доусовршување и надградба на кадарот – првпат на Државниот универзитет во Тетово воведуваме нова Програма за специјализација по семејна медицина. Ова е долгорочна инвестиција, од која ќе произлезат стручни кадри во оваа специјалност. Исто така, инициравме проширување на дејноста на Клиничката болница – Тетово за вршење специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на градната хирургија. Уште една новина за докторите кои аплицираат за специјализација или супспецијализација е дека сите универзитети, вклучувајќи го и ДУТ ќе добијат еднакви оцени при формирање на оценката за стекнување со право за специјализација или супспецијализација, за разлика од претходно кога една од компонентите на оцената било рангирањето на универзитетот каде кандидатот се стекнал со диплома согласно рангирањето според Шангајската листа.

Паралелно работиме и на нов концепт и реформа на примарната здравствена заштита во соработка со Светска банка и СЗО. Подготвена е нова листа на услуги во електронскиот систем, а во тек е надградба на протоколите за ХОББ, хипертензија, дијабетес и хипотироидеоза. Лекарите од примарното ниво ќе имаат поголема палета на услуги коишто ќе ги пружаат, место пациентите веднаш да се упатуваат на терциерно ниво.

Согласно методологијата за цени на лековите и оваа година, по спроведени успешни преговори со фармацевтските компании, постигнавме намалување на цените на одредени лекови, целосно почитувајќи ги меѓународните тенденции за движење на цените на лековите во регионот. Новите намалени цени за тие лекови почнаа да се применуваат од 1 април. Станува збор за 102 оригинаторни лекови и 123 генерички лекови кои наоѓаат примена како на примарно ниво, така и во болнички услови. За мнозинството на генерики на лекови пациентите имаат на располагање избор на лек без доплата од позитивната листа и останати лекови со делумна доплата, по избор на пациентот. Наша тенденција е да се обезбедуваат се повеќе лекови без доплата за пациентите.

Во пресрет на Европската недела за имунизација стартувавме со заедничка кампања со УНИЦЕФ и СЗО за потенцирање на важноста на редовната имунизација, како најдобра превентивна мерка за заштита од заболувањата. Тековно се спроведува и вакцинацијата против Ковид-19, со која досега се опфатени 46.5% од населението“, се вели во соопштението на МЗ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

Калас: Русија реално не е заинтересирана за мир во Украина

May 13, 2025

Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk