ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи – Донфрид: Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД на 2 јуни

April 28, 2022 13:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, која беше придружувана од заменик помошникот државен секретар  и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На средбата, министерот Османи изрази благодарност за континуираната поддршка од САД за реализација на нашите стратешки цели, притоа истакнувајќи ја значајната улога на нашите американски пријатели за постигнување на долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на земјава и регионот како целина.

„Денес договоривме зајакнување на нашето стратешко партнерство преку претстојниот Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што ќе се одржи на 2-ри јуни, во Вашингтон. Нам ни претставува посебна чест што Северна Македонија ќе стане прва земја од Западен Балкан која отвара стратешки дијалог со САД, преку кој ќе се продлабочи нашето стратешко партнерство и поконкретно ќе се врами нашата билатералната соработка.” – истакна Османи.

Соговорниците се согласија дека војната во Украина демонстрираше јасна потреба и за внесување нова динамика во евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, со што ќе се потврди кредибилноста на ЕУ и ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во Регионот.

„Процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносна политика и оттука членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за регионалната и европската безбедност и стабилност. Северна Македонија е европска земја и лојален партнер со значителен напредок во реформските процеси. Затоа, цениме дека сега е вистинското време за Европската унија да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес преку усвојување на преговарачката и одржување на првата Меѓувладина конференција за време на Француското претседателство.”- нагласи Османи.

На средбата страна збор и за актуелните безбедносни предизвици, при што беше упатена заедничка осуда на руската воена инвазија во Украина, како и силна поддршка и солидарност со украинскиот народ.

Next Post

(ВИДЕО) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ е наследник на Ванчо Михајлов, го прифаќа и се гордее со него

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk