ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Лекарска комора: Континуираната едукација е клучна за зголемувањe на опфатот со вакцинација

April 30, 2022 11:54
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинација е најдобрата заштита од сериозни заразни болести, но и една од најуспешните и најисплатливите инвестиции на јавното здравство, а лекарите имаат клучна улога во проширувањето на опфатот со вакцини, соопшти Лекарската комора по повод Светската недела на имунизација, која се одбележува последната недела од април, а чие мото годинава е „Долг живот за сите“.

Според Лекарската комора, здравствените политики треба да ги поддржат здравствените работници и во континуитет да обезбедат ефективни, транспарентни и објективни информации за јавноста и да се борат против лажните и погрешните информации.

-Вакцините се безбедни и ефикасни, тие се темелно тестирани и докажано спречуваат сериозни болести, спасувајќи милиони животи секоја година.  Лекарите и здравствените работници преку подигнување на нивото на здравствена едукација за придобивките од вакцинацијата и преку споделување на факти засновани на научни докази креираат позитивно општествено окружување за зголемување на опфатот со вакцинацијата. Општата популација ги смета лекарите за најрелевантен извор на информации за вакцинација, што е клучно за прифаќање на вакцините, соопштија од Лекарската комора.

Оттаму посочуваат дека поради пандемијата и засиленото антивакцинално движење има пад во опфатот со редовната вакцинација, особено со МРП вакцината во нашата земја, поради што е потребен заеднички ангажман да се врати неопходниот опфат од 95 проценти со кој се смета дека е постигнато задоволително ниво на колективна заштита.

Како што појаснуваат во соопшение, лекарите треба да добијат поддршка за подобра промоција на важноста на вакцините, како и да се подобрат нивните комуникациски вештини за соодветен одговор на колебливоста на родителите за примање на редовните вакцини.

Исто така, едукацијата на студентите по медицина е од суштинско значење за да им се овозможи на идните лекари ефективно да комуницираат со своите пациенти, а подигнувањето на свеста на родителите треба да се започне уште за време на пренаталниот период и исто така да се одвива континуирано.

Лекарската комора како член на Постојниот комитет на европски лекари (CPME) и Коалицијата за вакцинација го истакнува заедничкиот став дека со рамномерен пристап до вакцините и зголемен опфат со вакцинацијата ќе се обезбеди долг и здрав живот.

-Коалицијата за вакцинација ги повикува европските земји да ги обезбедат следните активности: редовната вакцинација да се смета за приоритет за сите возрасни групи, особено за децата; возрасните, особено ризичните групи и постарата популација да се вакцинираат со бустер доза против Ковид 19, како и да се зголеми опфатот со оваа вакцина кај адолесцентите и децата; да се обезбеди бегалската популација, особено децата, да добијат лесен пристап до вакцинација; да се помогне на здравствените работници да започнат кампањи за вакцинација и да се поддржи зголемувањето на опфатот со редовна вакцинација кај бегалската популација и населението на земјите кои прифаќаат бегалци, се наведува во соопштението на Лекарската комора. /МИА/ 

Next Post

Санкционирани 179 возачи на територија на државата поради брзо возење

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk