ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нобеловецот Пол Кругман на Економскиот и финансиски форум во Скопје

May 19, 2022 15:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот професор, економист и автор Пол Кругман, лауреат на Нобеловата награда, доаѓа во Скопје. Кругман ќе има свое 30-минутно обраќање на отворањето на годинашната конференција на Економскиот и финансиски форум (СЕФФ), платформа за дијалог на економски и финансиски теми, која минатата година ја иницира Министерството за финансии.

Втората конференција на СЕФФ ќе се одржи на 30 и 31 мај 2022 година во Скопје. Насловната тема „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ е разложена на четири столба: Макроекономски предизвици во турбулентни времиња, Отпорност, конкурентност и регионална соработка, Енергија, зелена транзиција и инфраструктура и По кризата: двигатели за одржлив раст.

Покрај Кругман, меѓу потврдените учесници се и други истакнати економисти, високи претставници на меѓународни финансиски институции, министри за финансии, гувернери…, кои ќе ги образложат своите гледишта и ќе дебатираат на еден од осумте панели на #СЕФФ2022.

Пол Кругман е претставник на неокејнзијанската школа и се смета за еден од највлијателните економисти на денешницата. Освен по редефинирањето на теоријата за меѓународна трговија, познат е и како основач или коосновач на неколку нови дисциплини во меѓународната економија – од новата трговска теорија (НТТ) и новата економска географија (НЕГ) до модели на финансиски кризи и движења на девизниот курс.

Во својата кариера, предавал на престижни универзитети како „Јеил“, Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), „Принстон“, „Стенфорд“ и на Лондонското училиште за економија. Од 2015 година е професор по економија во Центарот за постдипломски студии на Градскиот универзитет на Њујорк и научник во центарот „Стоун“ за социоекономска нееднаквост.

Плоден е и како автор, со долга листа на публикации, од економски и политички бестселери за широка публика до учебници и академски трудови за макроекономијата, движењето на девизниот курс, меѓународен развој, меѓународна трговија и економска географија. Автор или уредник е на 27 книги и повеќе од 200 академски трудови објавени во стручни списанија. Особено е популарна неговата колумна што ја објавува на страниците на „Њујорк тајмс“.

Кругман ја доби Нобеловата награда за економија  во 2008 година за истражувањето кое ги редефинира постојните теории за меѓународната трговија и економска географија и ги преориентира натамошните истражувања на овие теми. Покажувајќи ги ефектите на економиите на обем врз трговските модели и врз локацијата на економската активност, тој поставува нов модел на меѓународна трговија./МИА/

Next Post

Во август се очекува да биде готова една лента од автопатската делница Требениште-Охрид

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk