ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Мора отворено да зборуваме за аномалиите и предизвиците ако сакаме да го вратиме спортот на вистинските патеки

May 20, 2022 16:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ревизија на моделот за примената на спортските ваучери, подготовка на етички кодекс за спортскиот сектор и политики за зајакнување на интегритетот, задолжителна транспарентност при носењето на одлуките во спортските клубови и федерации и отчетност при користење на јавните средства, се само дел од заклучоците на денешната конференција „Отворено за корупцијата во спортот и штетата што корупцијата ја нанесува на младите спортски таленти“, на која домаќин беше заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

На конференцијата, како што информира прес-службата на Владата, беше заклучено дека е потребно да се направи и сеопфатна анализа на законската регулатива во спортот, како и да се зајакне инспекцискиот надзор врз спортските организации, но и да се направи анализа на досегашните инспекциски наоди за да се детектираат слабостите и ќе се креираат политики за добро владеење. Да се разгледа можноста да се воведе спортски менаџер како професија, но и да се инсистира на доследно спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска ја нагласи потреба во јавноста да се отвори прашањето за корупцијата во спортот, зашто досегашната пракса покажува дека спортските субјекти, пред се спортските национални федерации, во најголем дел не работат транспарентно и отчетно, а тоа негативно се одразува на легитимитетот и кредибилитетот на спортскиот дух.

Ова е прашање што е актуелно во целиот свет, ОН го има поставено високо на агендата и ние како држава, нагласи Грковска, имаме обврска да работиме на подобрување на состојбите во спортот од аспект на корупцијата и нејзиното штетно влијание.
Дел од учесниците на конференцијата ја нагласија потребата од заштита на спортистите во делот на пријавување на корупција, по моделот на Законот за укажувачи.

На конференцијата воведни обраќања имаа амбасадорите на Романија и на  Шведска во земјава, Адела Моника Аксинте и Кристин Форсгрен Бенгстон, како и Бил Вуд, шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC).

На панел сесиите учествуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, истакнати спортски работници, спортисти и спортски новинари, како и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Конференција беше организирана во соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрогата и криминалот (UNODC).
Next Post

Ковачевски: Нашите политики се доследни и одговорни, просечната плата над 500 евра

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk