ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Денот на сесловенските просветители одбележан меѓу Македонците во Албанија

May 24, 2022 17:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Етничките Македонци од Пустец и Албанија денеска во селото Глобочани, Мала Преспа, за прв пат организираа прослава по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, jaвува МИА.

Се одржа научен собир во соорганизација на Македонското друштво „Сонце” од Албанија, Универзитетот „Фан Ноли” од Корча, Албанија и Друштвото за литература и култура „Мацково” од Охрид.

Учесниците на  собирот ги поздрави Васил Стерјоски, прв пратеник Македонец во албанскиот Парламент и претседател на политичка партија на Македонците – МАЕИ.

Пред паметникот на писателот Стерјо Спасе и во Спомен – музејот „Стерјо Спасе”, се одржаа повеќе промоции на книги и поетски читања.

Централен настан беше промоцијата на капиталното дело „Хармониска интеграција на македонското малцинство во Република Албанија – Случај на македонското малцинство во областа Преспа и Врбник” од проф. д-р Мариа Дојче, истакната албанска интелектуалка. Студијата се фокусира на меѓусебните социо-културни влијанија меѓу Албанците и припадниците на македонската заедница во регионот на Корча.

-Жителите на македонската заедница носат културни вредности како што се толеранција, разбирање, соработка, образование, патриотизам, кои им помогнаа на овие жители да живеат успешно достоинствено меѓу двете култури. Во овој соживот се забележува истрајноста во одржувањето на кохерентноста на етничкото друштво, каде во секоја социо-културна ситуација овој етникум се јавува хомоген и со јасни идентитетски и културни контури, пишува, меѓу другото, Мариа Дојче.

Исто така, беше претставено и литературното творештво на писателот Васил Шумка, по потекло од село Долна Горица во Општина Пустец, а на четиригодишнината од неговата смрт беше одбележан поменот и споменот за животот и делото на Спасе Мазенковски. За творештвото на Мазенкоски говореше професор д-р Катерина Тодоровска од  Институтот за национална историја во Скопје, која нагласи дека Мазенковски е познат поет, писател, новинар и публицист по потекло од селото Леска, кој го уредуваше весникот „Мала Преспа”.

Специјален гостин на чествувањето на 24 мај беше хрватскиот поет и македонист Валерио Орлиќ кој читаше свои стихови пред паметникот на Стерјо Спасе. За оваа пригода од Тирана во Пустец пристигнаа и говореа хрватскиот амбасадор во Албанија, Златко Крамариќ и амбасадорот на Северна Македонија, Данчо Марковски.

Хрватскиот поет Орлиќ е на голема книжевна турнеја низ Хрватска, Северна Македонија и Албанија. Од 28 мај ќе учествува на познатиот поетски фестивал во Корча – „Поетски вечери”. Тој е основач и почесен претседател на Хрватското книжевно здружение.

Next Post

Шефот на СЗО доби нов петгодишен мандат

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk