ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Вартоломеј: Историски момент е отстранувањето на повеќедецениската шизма

Вартоломеј во интервјуто објаснува дека конкретното прашање со шизмата, многу години било во фокусот на Патријаршијата, а доста често доаѓале делегации од нашата црква за консултации, но и барања и од политичкото раководство.

May 25, 2022 10:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ и изрази задоволство од последните случувања во црковното прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Вартоломеј објасни дека уште пред одлуката на Вселенската патријаршијата постоел дијалог меѓу црквите на Северна Македонија и Србија.

-Во изминатиот период, пред нашата одлука, беше започнат дијалог со црквата на Скопје, но нашата одлука ѝ олесни на црквата на Србија и во четвртокот на 19 мај, Неговото Блаженство патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ го покани поглаварот на Охридската црква и имаа заедничка литургија во Белград. Ова нè исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Една шизма што траеше околу шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период. Оваа заедничка литургија на 19 мај, Србија ја нарече литургија за помирување и драго ни е за овие случувања, вели вселенскиот Патријарх.

Вартоломеј во интервјуто објаснува дека конкретното прашање со шизмата, многу години било во фокусот на Патријаршијата, а доста често доаѓале делегации од нашата црква за консултации, но и барања и од политичкото раководство.

-Се обидовме да им помогнеме. Во некој момент го одредивме неговото блаженство архиепископот на Албанија Анастасиос да има медијаторска улога. Се обиде, отиде, се врати, разговараше со двете страни, не успеа поради реакциите, во главно од страна на српската црква и официјално со писмо, во некој момент го врати мандатот. Но, обидите и молитвите на Вселенската патријаршија не беа прекинати, открива вселенскиот патријарх.

Посочи дека по „апелациското прибегнување (еклитон) на таа црква кон мајката црква, која според одлуката на четвртиот екуменски собор на Халкидон го има ова неотуѓиво право да одлучува за такви случаи на највисоко ниво“, била отстранета шизмата.

-Врз оснава на овој еклитон ја отстранивме шизмата, прогласивме дека влегуваме во евхаристиска заедница со нив. Ја нарековме нивната црква Охридска архиепископија, го исклучивме терминот „македонска црква“ и било каков изведен збор од зборот „Македонија“. Ги ограничивме границите на јурисдикцијата во границите на територијата на Северна Македонија, како што се вика денес и сите дополнителни административни прашања ѝ ги доделивме на Светата црква на Србија, со предуслов, овие останати работи да бидат врз основа на светоканонскиот чин и вековните пракси на целата православна црква, истакна вселенскиот патријарх.

Додаде дека Српската црква постапила правилно да се придружува кон одлуката на Вселенската Патријархија./MИА/.

Next Post
Фото: МИА - Заседание Синода

РПЦ го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk