Аналитичарот Ненад Јовановиќ реагира на излагањето на Бранко Црвенковски на трибината организирана од страна на Советот на амбасадори, во кое вели – Потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија со таква содржина, посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности, беше голема грешка.
Се јави Бранко, после сите битки, да констатира дека договорот со Бугарија бил лош, пишува во објавата на Фејсбук, Јовановиќ.
„Класичен слипер, опортун и медиокритетен. Што не го реши Бранко прашањето со Бугарија, имаше кога, башка му дадовме и купишта функции да решава сè.
„Не чини ништо”, вели Бранко, очигледно жив и преку ден.
Мицкоски од денес си има старо-нов сојузник. Бранко е тука за да ги фрла луѓето во очај, а Мицкоски да ги вади на протест.
Предвидливи се како слонови.
Сè ќе направат само политиките на Заев, а денес и на Ковачевски, да ги релативизираат и направат ништовни.
Нема да им пројде. Без разлика што рекле, негирале и поплукале. Јок, море!“, напиша Јовановиќ.